Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

18.12.2009 По повод стапувањето на сила на визната либерализација
Заедничка изјава на министрите Јанкулоска, Дачиќ и Брајовиќ

Ние,

 

Министрите за внатрешни работи на Република Македонија, Црна Гора и Република Србија им ја честитаме на нашите граѓани Одлуката за визната либерализација.

 

Со исполнување на условите на Европската Унија, кои се однесуваат на контролата на границите, борбата против организираниот криминал и корупцијата, унапредувањето на меѓународните односи и почитувањето на основните човекови права и слободи, јасно ја потврдивме припадноста и определбата на нашите држави кон европските интеграции.

 

Воведувањето на безвизниот режим кој на 19 - ти декември стапува на сила го сметаме како  силен поттик во приближувањето на западниот Балкан кон Европската Унија.

 

Очекуваме, во што покус рок, и граѓаните на Босна и Херцеговина и Република Албанија, исто така да ја добијатн поддршката на Европската Унија во процесот на  либерализацијата на визниот режим, и во тој смисол ја нудиме сета наша стручна поддршка.

 

Со укинувањето на визите  на нашите граѓани вратено им е правото кое им припаѓа на останатите граѓани на Европската Унија, со што им е овозможена слобода на движење и припаѓање во Европското семејство.

 

Ја потврдуваме одлучноста да продолжиме со развој на сите видови соработка во регионот, во духот на добрососедските односи, меѓусебното уважување и взаемната одговорност за целосна безбедност на нашите граѓани.

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk