Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

10.12.2009 Проект за реконструкција на Полициски станици
Македонија успешно ги исполнува стандардите кои важат во ЕУ
   





Во изминатиов период, во соработка со делегацијата на ЕК, интензивно се работи на реализација на проектот за реконструкција на вкупно 10 Полициски станици, проект чијашто цел е усогласување со европските стандарди на полето на полициското работење, како по однос на третманот на повиканите, приведените и задржаните лица, така и по однос на обезбедувањето на соодветни услови за работа на вработените во полициските станици. По тој повод, а во контекст на денешното одбележување на меѓународниот ден на човековите права, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска заедно со евроамбасадорот Ерван Фуере, денес ја посетија ПС Кисела Вода, каде што во тек се  градежни зафати за реконструкција на овој објект. 

 

Министерката Јанкулоска, изразувајќи благодарност за досегашната успешна и плодна соработка на македонското МВР со ЕК, истакна дека за македонската полиција е од огромна важност во секоја фаза од постапката, човековите права да бидат максимално почитувани и нивното достоинство да биде запазено, притоа потенцирајќи ја посветеноста на МВР во спороведувањето на реформите и промоцијата на човековите права, бидејќи граѓаните и нивниот интерес се најголемиот императив. Од своја страна евромабасадорот Фуере забележа дека успешното завршување на процесот на реконструкција на овие центри претставува добра можност да се демонстрира како Македонија успешно ги исполнува највисоките стандарди кои што важат на ниво на ЕУ за почитување на човековите права, но и за обезбедување соодветни услови на лицата кои се приведени пред да започне самиот судски процес. Инаку, на посетата на ПС Кисела Вода, и претходеше состанокот што во МВР се одржа на т.н. Проектно-управна група за реформи во полицијата со којашто раководи министерката Јанкулоска, а на состанокот присуствуваше и евромабасадор Фуере.  

 Реконструкцијата во ПС Кисела Вода се реализира во рамки на програмата КАРДС од ЕУ, а финансиска вредност на зафатот изенесува над 530.000 евра. Покрај реконструкцијата на ПС Кисела Вода, а во склоп на ИПА програмата за 2007 година во тек се активности за целосна реконструкција на ПС Тетово, проект вреден над 400.000 евра, како и реконструкција на уште осум други полициски станици (Центар, Бит Пазар, Карпош, Гази Баба, Штип, Прилеп и Гостивар) во делот од објектите наменети за задржување на лица, за прием на лица како и на просториите наменети за инспекторите за превенција, за што се издвоени околу 430.000 евра. Исто така за реконструкција на посочените полициски станици, покрај обезбедените средства од ЕУ, предвидено е и национално кофинансирање во висина од 400.000 евра, а тие средства ќе се искористат за опремување на станиците со мебел, информатичка и телекомуникациска опрема. Во рамките на ИПА 2008 програмата, пак, се врши реконструкција на пограничните полициски станици за обезбедување на државната граница во делот од границата кон Србија, Косово и Албанија (Гошинце, Попова Шапка, Чашка, Белановце, Стење, Франгово, Стрезимир, Лабуниште, Џепиште и Езерска контрола). Вредноста на овој проект е околу 2,4 милиони евра.
Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk