Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

03.12.2009 Продлабочување на добрите односи меѓу двете полиции
Потпишан договор за соработка со Косовската Полиција
   




Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Гордана Јанкулоска и нејзиниот колега од Косово Зеннун Пајазити потпишаа договор за полициска соработка меѓу двете министерства. Овој, прв договор со Косовската полиција, покрива повеќе области почнувајќи од борбата против тероризмот и организираниот криминал, илегалната миграција, недозвоелната трговија со луѓе и дрога, заштитата на сведоци кражбите на патнички возила, комјутерскиот криминал и други подрачја кои се под ингеренција на двете министерства. Со него се очекува продлабочување и унапредување на досегашната соработка и поефикасна размена на информации и сознанија. Уште позначајно е што договорот треба да претставува основа за натамошно потпишување на протоколи со кои би се операционализирала соработката.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk