Целна група се Роми, Ашкалии и Египќани и други маргинализирани групи на кои им се дава бесплатна правна и финансиска помош при обезбедување на лична документација, регистрирање на живеалиште, престојувалиште, регулирање на законски престој во, и аплицирање за државјанство на Република Македонија.
Во таа смисла, во категории на корисници спаѓаат:
де факто население без државјанство/население со нерегулирано државјанство;
македонски државјани кои се соочуваат со нерегистриран граѓански статус и / или недостаток на други лични документи;
лица - баратели на право на азил, признаени и одбиени бегалци како и лица кои имаат право на азил во РМ заради хуманитарна/супсидијарна заштита, и други лица од интерес;
странски државјани кои вообичаено престојуваат во РМ но не го регулирале законскиот престој или продолжување на истиот;
внатрешно раселените лица.
Општата цел на овој проект е да се утврди точниот обем и причините за останатите де-факто лица без државјанство (т.е. недостаток од ефективно државјанство) и сродните проблеми со нерегулирано државјанство, престојувалиште, живеалиште, граѓански статус и недостаток на лични документи помеѓу маргинализираните групи, со особен фокус на Ромите и да се придонесе кон нивно намалување. Крајната цел е да се зголеми ефективниот пристап кон вработување, социјална помош, здравство и образование како и пристап кон другите основни права на сите маргинализирани групи со особен фокус на Ромите.
За периодот 01.02.2008 - 31.07.2009 Правната мрежа идентификуваше 2834[1] лица (од кои 99% се припадници на РАЕ заедницата) за кои треба да се покренат 4945 процедури во врска со нерегистрирано раѓање, непријавено лично име, законски нерегулиран престој, недостаток на лична документација, државјанство на РМ итн. Во истиот период Правната Мрежа (преку УНХЦР и Европската Комисија) даде бесплатна правна и финансиска помош при обезбедување на 2639 различни документи и процедури за 1630 лица од РАЕ потекло, од веке споменатите идентификувани лица. Овие лица се од градовите во кои Правната Мрежа дејствува: Скопје, Тетово, Гостивар, Прилеп, Битола, Кичево и Куманово.
Завршени се 49[2] пријавувања на раѓање (од идентификуваните 176 непријавени раѓања), 55[3] пријавувања на лично име (од идентификуваните 112 непријавени лични имиња), и прибавени се следниве документи: 965 изводи од матична книга на родени; 61 изводи од матична книга на венчани, 23 изводи од матична книга на умрени; 575 уверенија за државјанство, 42 први дозволи за привремен престој; продолжување на 39 дозволи за привремен престој, 429 македонски лични карти.
Само за појаснување - од горните лица само оние за кои се вршеле постапки за дополнителен упис на раѓања и дополнителен упис на лично име немале регистрирано граѓански статус, ова се лица кои никогаш не поседувале Извод од матична книга на родените (вкупно идентификувани такви лица се 288). Сите други лица за кои се вадела лична документација се лица кои поседувале лична документација, но не ја поседувале во моментот (изгубена, истечен рок на важност итн.), и во никој случај не треба да се поистоветуваат со не-евидентираните лица.
Во истиот период Правната мрежа пружи бесплатна правна помош на 134 лица при стекнување на македонско државјанство на РМ, од кои 65 се долготрајни вообичаени жители на РМ (од кои 52 во согласност со член 14 од Законот за изменување и дополнување на законот за државјанство од 2004 г.; 12 според член 9 Закон за државјанство, 1 според член 4 ЗД), а 69 се поранешни бегалци (5 лица со признаен статус на бегалец добиле прием во државјанство на РМ во согласност со член 8 од Законот за државјанство (пречистен текст од 2004 г).; 7 според член 9 ЗД, 7 според член 11 ЗД, 1 според член 5 ЗД, и 49 деца на баратели на азил/одбиени баратели на азил, регулираа државјанство според државјанството на еден од родителите (за 30 од нив биле спроведени постапки за признавање на татковство).
Поднесени беа 29 барања за прием во државјанство на РМ, од кои 23 од страна на долготрајни вообичаени жители[4] и 6 од страна на поранешни баратели/лица со право на азил заради хуманитарна/супсидијарна заштита[5].
Исто така Правната мрежа преку УНХЦР и Европската Комисија даде бесплатна правна и финансиска помош за обезбедување на потребни документи за иницирање на одредени постапки: 55 уверенија за неосудуваност во Република Македонија, 7 уверенија з слободна брачна состојба; нотарска заверка на 123 документи, издавање на 98 зравствени книшки , судски превод на 52 документи.
Проектот “Социјално вклучување и пристап до човековите права на Роми, Ашкалии и Египќани во западен Балкан” ќе продолжи да се спроведува во следниот период на идентификување на лица кои имаат недостаток од лична документација или проблеми со регулирање на законскиот престој/државјанство на РМ, и истовремено ќе ги решаваме проблемите преку давање бесплатна правна помош на нашите целни групи.
Од кои 5 според член 9 и 1 според член 5 ЗД