Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

01.12.2009 Свечена церемонија во Брисел по повод визната либерализација
На Македонија местото и е во Европската Унија
   


Одлуката на Европската унија за стартот на визната либерализација, според министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска недвосмислено покажува дека местото на Македонија и е во Европа. Министерката Јанкулоска, која синоќа, на покана на шведскиот министер за миграциска политика Тобијас Билстром, присуствуваше во Брисел, на свечената церемонија по повод укинувањето на визниот режим, истакна дека – “ова е историски ден за Република Македонија и за сите наши граѓани, бидејќи по многу реализирани реформи, Македонија доби позитивна порака од Советот на министри. Одлуката ќе стапи на сила на 19 декември и конечно нашите граѓани, без никакви ограничувања, слободно ќе можат да патуваат во земјите на Европската унија“.

Притоа Јанкулоска, исто така, потенцираше дека за владата на Република Македонија овој чин претставува дополнителен поттик да се продолжи со реформите и со сето она што е потребно за полноправно членство на Македонија во Европската унија. “Со сите активности кои ги реализиравме, како обврска од патоказот за визна либерализација, покажавме дека Македонија има знаење, сила и може да ги реализира реформите до крај“, изјави министерката Јанкулоска.

Инаку заинтересираните медиуми видео-материјалот од синоќешната церемонија во Брисел можат да го подигнат во Македонската радиотелевизија

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk