Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

23.11.2009 Средба Јанкулоска-Балин
Потпишан аранжман за соработка од областа на безбедноста меѓу Македонија и Холандија

“Македонија ги исполнува условите за визна либерализација и добивање на датум за отпочнување на преговори“, истакна, меѓу другото, холандскиот министер за правда Ернст Хирш Балин, на денешната средба со министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска, на којашто двајцата министри го потпишаа Аранжманот за заедничка соработка во областа на внатрешните работи. Притоа, холандскиот министер потенцираше дека нашата земја ќе ја има и натаму поддршката на Кралството Холандија околу овие прашања од суштествено значење за Република Македонија.

Оценувајќи ги, пак, од своја страна односите меѓу Македонија и Холандија како пријателски, министерката Јанкулоска истакна дека потпишаниот Арнажман кој што претставува уште една потврда во тој контекст, наедно – “има за цел промовирање на билатералната неоперативна соработка во полициското работење, јавната безбедност, спречувањето на криминалот и подобрување на квалитетот на наработењето во полицијата“. “Соработката меѓу другото предвидува формулирање и спроведување на заеднички неоперативни проекти и програми, размена на неоперативни информации, знаење, најдобра пракса и искуство, како и идентификување и спроведување на заеднички проекти за обука на полициски службеници во борбата против  организираниот криминал и други области.

На средбата, исто така, двајцата министри разговараа и за други форми на соработка на повеќе полиња од интерес за двете земји, при што беа особено потенцирани борбата против трговијата со луѓе, трговија со наркотици, борба против организираниот криминал и друго.  

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk