Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

21.11.2009 Реализација на проектот “Соработка меѓу полицијата и граѓаните"
Министерката Јанкулоска домаќин на основници во ПС Карпош
   



Во рамките на активностите од реализација на проектот “Соработка меѓу полицијата и граѓаните“, вчера (20.11.) околу триесетина основници од петто до осмо одделение, како претставници на основните училишта лоцирани на подрачјето на скопската општина Карпош, ја посетија Полициската станица “Карпош“. Децата, покрај вработените во оваа ПС ги пречека и министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска, а тие од своја страна изработија ликовни творби на тема – “полицијата и младите“. Исто така, основците беа запознаени со улогата и задачите на полицијата, а им беше презентирана и дел од опремата што ја користи полицијата во извршувањето на своите работни задачи. Министерката Јанкулоска од своја страна на децата им подели скромни подароци.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk