Според статистичките показатели, во деветте месеци од оваа година, на подрачјето на Р.Македонија се регистрирани 264 кривични дела извршени при семејно насилство, што претставува намалување за 2,9% во однос на истиот период минатата година кога беа регистрирани 272 вакви кривични дела.
Исто така, забележано е намалување за 6,8% и на бројот на прекршоци извршени помеѓу членови на потесното семејство, додека поднесените поплаки од лица против членови на нивните семејства се во зголемување за 12,5%.
Според податоците може да се констатира дека намалувањето на вкупниот број на кривични дела од областа на семејното насилство се должи пред се на намалувањето на кривичните дела на подрачјето на СВР Скопје каде се регистрирани 35 кривични дела, што е за 60,2% помалку во однос на минатата година кога беа регистрирани 88 кривични дела и на подрачјето на СВР Охрид (оваа година 24, а лани 31), додека регистрираните кривични дела во СВР Тетово се на идентично ниво ( оваа година 36 лани 36), меѓутоа, за разлика од овие подрачја, во овој период на подрачјето на сите останати подрачја е забележано зголемување на кривичните дела.
Особено загрижува состојбата на подрачјето на СВР Куманово каде е забележано зголемување на кривичните дела за 71,4%, односно оваа година се регистрирани 24(14), што се должи на зголемениот број на кривични дела на подрачје на градот Куманово-19(пет), пред се на кривичните дела „телесна повреда„ 17 (лани три).
Исто така, зголемување на кривичните дела од 66,6% е регистрирано на подрачјата на СВР Штип каде се регистрирани 30 кривични дела а лани 18 кривични дела. Според согледувањата, истото пред се се должи на зголемениот број извршени кривични дела „телесна повреда„- во деветмесечјето на ова подрачје се извршени 20 вакви кривични дела а лани 13, и „загрозување на сигурноста„- оваа година се извршени осум вакви дела а лани само две. Притоа, зголемувањето на кривичните дела е најизразено на подрачјето на градот Кочани каде за девет месеци се регистрирани 14 кривични дела (осум „телесна повреда„ и шест дела „загрозување на сигурноста„) за разлика од минатата година кога во овој град беше регистрирано само едно кривично дело од областа на семејното насилство.
СВР Струмица-29(18) зголемување за 61,1%, а зголемен тренд бележат и извршените кривични дела на подрачјето на СВР Битола-51(37) за 37,8% и СВР Велес-35(30) за 16,7%.
Во овој деветмесечен период се регистрирани 509(546) прекршоци, извршени помеѓу членови на потесното семејство, при што евидентно е нивното намалување на подрачјето на целата република, освен на подрачјето на СВР Велес, каде се регистрирани 35(11) прекршоци од овој вид и на подрачјето на СВР Скопје со регистрирани 179(172) прекршоци.
Покрај ова, полицијата постапуваше и по 3.075(2.734) поплаки, а во овој дел карактеристично е дека намалување на поднесените поплаки е регистрирано само на подрачјата на СВР Скопје-1106(1244) и СВР Тетово-97(243), додека на подрачјето на останатите сектори во РМакедонија поплаките се во зголемување и тоа СВР Струмица бележи повеќе од двојно зголемување, поконкретно во градот Струмица поплаките се четирикратно зголемени, а најголем број од нив се однесуваат на физичко малтретирање во семејствата .
Регистрирани состојби
а) регистрирани кривични дела
Според структурата на кривичните дела, како и вообичаено најбројни се кривичните дела против животот и телото, при што во овој период се регистрирани две (пет) убиства извршени при семејно насилство, едно на подрачје на Штип (убиството го извршила 40-годишна жена која години наназад континуирано била изложена на физичко, сексуално и психичко малтретирање од страна на нејзиниот сопруг, при што по настаната расправија, најпрвин го отрула со хемиска материја, а потоа телото му го исекла на делови и го фрлала на повеќе локации во градот), и убиство на подрачје на Струга, при што 48-годишен сторител со пиштол ја убил својата 47-годишна поранешна сопруга, поради нерешени имотни спорови, а истата одреден временски период била жртва на семејно насилство, за што сторителот во неколку наврати бил прекршочно и кривично пријавуван.
Инаку вообичаено најзастапено е делото „телесна повреда“ со 179(188) дела или процентуално се застапени со 67,5 % од вкупно регистрираните дела, а истото најмногу е извршувано на подрачјето на Битола- 28 дела, Струмица-26, Скопје-24, по 22 дела во Велес и Тетово, Штип-20, Куманово-19 и Охрид каде се извршени 18 кривични дела. За овие дела карактеристично е што сторителите (131 сопружници од нив 125 сопрузи и шест сопруги, 21 вонбрачни и 17 поранешни сопружници, како и 53 деца од нив 50 синови и три ќерки, како и 17 родители од нив 12 татковци и пет мајки ) физички ги малтретирале своите сопруги, родители и деца, а повредите на жртвите во 236 случаи им се нанесени со физичка сила, во 11 случаи со ладно оружје, во еден случај со огнено оружје и во останатите 17 случаи со употреба на погоден предмет .
Ова деветмесечје се извршени и шест(десет) дела „тешка телесна повреда„, три на подрачје на Скопје, од страна на сопруг, син и вонбрачен сопруг (над две сопруги и една мајка) и по едно во Куманово, Велес и Струмица (извршени од роднини што живеат во семејната заедница), повредите во пет случаи им ги нанеле со употреба на физичка сила, а во еден случај со погоден предмет а во сите случаи поради нарушени семејни односи и меѓусебна нетрпеливост.
Од сексуалните деликти, ова деветмесечје е извршенo едно дело „полов напад над малолетник кој не наполнил 14 години“, додека во истиот период минатата година беа извршени три кривични дела „силување“ и три дела „полов напад над малолетник кој не наполнил 14 години“. Инаку делато е извршен на подрачје на Струмица, при што чичко полово злоупотребил 14-годишно девојче со кое живеел во иста семејна заедница.
Од делата против слободата и правата на граѓанинот, регистрирани се вкупно 76(61) кривични дела, а во нив доминираат 63(45) дела „загрозување на сигурноста“. Притоа, најчесто ова дело е извршено на подрачјето на Битола- 13 дела, Прилеп- девет дела, Скопје-осум, по шест во Кочани и Неготино итн, додека жртви се сопруги-39 (од кои седум поранешни сопруги), потоа 17 родители, три останати членови на потесното семејство (синови) и еден сопруг, на кои сторителите, односно сопрузите или децата им упатувале сериозни закани по нивниот живот или над нив употребиле физичка сила (во 21 случај лицата биле под дејство на алкохол). Понатаму извршени се 11 дела „присилба“(13), од нив девет на подрачје на Тетово, ги сториле шест сопрузи, две лица во вонбрачна заедница, а во два случаи татковци кои под дејство на алкохол или психичко растројство ги присилувале своите деца да го напуштат домот. Регистрирани се и две(три) дела „противправно лишување од слобода“, од кои првото во Охрид, при што родителите ја лишиле од слобода својата ќерка бидејќи не ја одобрувале нејзината веридба, а второто во Свети Николе, каде лице ја лишило од слобода својата сопруга заканувајќи и се дека ќе ја убие доколку го напушти.
За извршените кривични дела се пријавени вкупно 267(272) сторители, од кои 248 или 92,9% се мажи, а само 19(15) или 7,1% се жени, кои се јавуваат како сторители. Според роднинската врска, делата ги извршиле 125 сопрузи и шест сопруги кои најчесто физички ги малтретирале сопругите и сопрузите, како и 50 синови и три ќерки кои насилството го вршеле над своите родители. Понатаму, како сторители се јавуваат 12 татковци и пет мајки кои физички ги малтретирале своите деца, 17 поранешни брачни другари (сите од машки пол), 21 лице, од кои 20 мажи и една жена, кои со жртвите биле во вонбрачна заедница, а другите кривични дела се извршени од останати членови на семејството кои со жртвите биле во подалечни роднински врски. При извршувањето на делата, 97 сторители биле под психичко растројство, 57 лица биле под дејство на алкохол и три под дејство на дрога и во таква состојба најчесто телесно ги повредувале своите блиски или ја загрозувале нивната сигурност, со упатување сериозни закани. Според начинот на извршување, 236 дела се извршени со употреба на физичка сила, во 11 случаи е употребено ладно оружје (при извршувањето на седум телесни повреди и четири загрозувања на сигурноста), во еден случај огнено оружје (убиството во Струга), а во останатите случаи со сериозна закана.
Што се однесува до жртвите на кривичните дела состојбата е поинаква, односно најчести жртви на семејно насилство се жени-233 и 40 лица од машки пол, а според роднинската врска 127 од нив се сопруги, тројца сопрузи, 55 родители (30 мајки и 25 татковци), 22 жени, кои со сторителите живееле во вонбрачна заедница, потоа 18 поранешни сопруги, 19 деца (11 ќерки и осум синови) и 29 останати роднини (брат, сестра и др.).
б) регистрирани прекршоци
Во текот на деветте месеци од 2009 година, се регистрирани 509(546) прекршоци, кои се сторени меѓу членови на семејство. Најмногу од нив се однесуваат на „малтретирање во стан„-300, а во помал обем се застапени останатите прекршоци, како на пример, 99 „физички напад“, 47 „учество во тепачка„, 41 „карање и викање на јавно место“, шест „оддавање на пијанство“ и 16 останати прекршоци.
Најмногу барања за поведување прекршочна постапка се поднесени од страна на СВР Скопје-179(172), потоа СВР Куманово-121(133) (Куманово-102, Крива Паланка-15 и Кратово-четири), СВР Штип-48(53) (Штип-24, Берово-11, Кочани-пет, Пробиштип-пет, Свети Николе-две и Делчево-еден),Струмица-45(49) (28 во Гевгелија, 13 во Струмица и четири во Радовиш), СВР Охрид-36(54)(Охрид-20, Кичево-девет и Струга-седум), СВР Велес-35(11) (31 во Неготино и четири во Кавадарци), СВР Тетово-25(35) (16 во Тетово и девет во Гостивар) и СВР Битола – 20(39) (Битола-10,Крушево-четири и по три во Прилеп и Ресен).
Како жртви во поголем број се лица од женски пол-396, а речиси двојно е помал бројот на жртвите од машки пол-198. Според роднинската врска со сторителот, најмногу малтретирани се сопруги-215, потоа 116 родители, 63 деца, 32 поранешни брачни другари, 22 сопрузи а останатите се застапени во помал број. Кај сторителите состојбата е обратна, односно најчесто се лица од машки пол-517 и 61 жена.
При извршување на прекршоците-174 сторители биле под дејство на алкохол, седум лица под дејство на дрога, додека 100 сторители ги малтретирале жртвите како резултат на психичко растројство. Статистички гледано, речиси сите прекршоци се извршени со физичка сила и закани упатени кон нивните најблиски, додека во пет случаи било употребено ладно оружје.
в) поднесени поплаки
Полицијата во овој период постапуваше и по 3.075(2.734) поплаки во врска со семејното насилство, при што писмено се предупредени 1803 сторители, додека останатите лица се усмено предупредени.
Најголем број од поплаките-1.728 се однесуваат на психичко малтретирање, кое е изразено преку вербални закани и навреди, како и упатување погрдни зборови, омаловажување, уцени и бркање од дома. Заради физичко малтретирање, се поднесени 1.202 поплаки, најчесто вршени од сопрузите или од синови, кои под дејство на алкохол физички ги малтретирале своите сопруги, а честопати и своите родители и деца. Заради нерешени имотно-правни односи, помеѓу членовите на семејствата, поднесени се 145 поплаки.
Најмногу поплаки се поднесени на подрачје на СВР Скопје-1.106(1244), СВР Струмица-449(196) (Струмица-328, Радовиш-83, Гевгелија-32 и Валандово-шест), СВР Штип-437(307) (Штип-195, Берово-80, Кочани-74, Пробиштип-44, Делчево-25, Виница-11 и Свети Николе-осум), СВР Куманово-357(192) (Куманово-309, Кратово-33 и Крива Паланка-15), СВР Битола-304(276) (Прилеп-186, Битола-62, Ресен-32, Демир Хисар-12, Македонски Брод-седум и Крушево-пет), СВР Охрид-195(178) (Кичево-92, Охрид-58, Струга-35 и Дебар-десет), СВР Велес-130 (98)(Кавадарци-52, Велес-50 и Неготино-28) и СВР Тетово со најмалку поднесени поплаки-97(243) (од кои 53 во Тетово и 44 во Гостивар).
Поплаките се поднесени против 2.647 лица од машки и 451 лице од женски пол. Од нив 441 лице малтретирањата ги вршело под дејство на алкохол, 204 како резултат на психичко растројство, додека 24 лица биле под дејство на дрога. Најмногу поплаки поднеле сопруги-964, родители-713, деца-297, поранешни брачни другари-235, потоа 138 сопрузи, 86 лица во вонбрачна врска, а останатите поплаки се поднесени од други членови на семејството.