15.11.2009 Утре и задутре во Брисел
Министерката Јанкулоска на министерски форум
Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска утре и задутре (16/17.11.) во Брисел, ќе учествува на дводневниот министерски форум на министрите за внатрешни работи и за правда – ЕУ-Западен Балкан. Во рамките на конференцијата ќе се одржат неколку работни сесии коишто ќе бидат посветени на низа теми почнувајќи од борбата против корупцијата, трговијата со луѓе, билатералната, мултилатералната, регионалната и институционална соработка во сузбивањето на овие појави. Притоа, предвидено е министерката Јанкулоска да има свое обраќање во рамките на темата за борбата против корупцијата, како и во тематскиот дел околу соработката со Европол и Фронтекс.
Инаку, на крајот од министерскиот форум задутре (17.11.) во Брисел, во седиштетот на НАТО предвидена е и средба на министерката Јанкулоска со помошник генералниот секретар на НАТО Мартин Ховард.
Назад