Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

15.11.2009
Состојбите со недозволената трговија и злоупотребата со наркотични дроги во текот на девете месеци

Службите за спречување на недозволената трговија со дроги при Министерството, во изминатите девет месеци од годинава открија вкупно 377 кривични дела од областа на недозволена трговија со дроги, од кои 304 кривичнo делo “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психоропни супстанции и прекурсори”, за што се пријавени 359 сторители и 73 кривични дела “овозможување на употреба наркотични дроги”  за што се пријавени 90 сторители. Од вкупниот број сторители десет лица се пријавени за двете кривични дела. Инаку, најголемиот број од случаите се реализирани преку претреси на лица, станови и патнички возила.

 

Според националната структура најголемиот број 263 сторители се Македонци, потоа 130 се Албанци, 34 се Роми, 20 од останати националности и две лица се странци – државјани на Република Грција и Турција. Во овој период пријавени се и двајца полициски службеници вработени во РЦГР Исток и ПС Прилеп. Според старосната структура  140 лица се од 18 до 25 години, 130 се на возраст од 25 до 30 години, 85 лица се од 30 до 40 години, над 40 годишна возраст  се 37 лица, додека 12 лица се малолетници. Меѓу пријавените 41 лице се повторници, од кои пет се малолетници, а 20 лица се затвореници во КПУ Идризово.

 

Пронајдени беа и одземени вкупно: 89 килограми и 521,41 грама хероин;  585 килограми и 74,81 грама марихуана; 4,83 грама кокаин; 2.493 таблети екстази; 113,95 грама хашиш; 431 стебло, 1299 парчиња и 413,84 грама семе од растението “канабис сатива“; 126 милилитри и две таблети метадон, 9,5 грама и 248 таблети амфетамин, 39,7 грама кофеин, 20 таблети хептанон, 20 таблети трамадол, 20 милилитри апаурин и 15,55 грама мешавина од парацетамол и кофеин. Се проценува дека вкупната вредност на запленетите количини дроги на домашниот нарко-пазар изнесува околу пет милиони евра[1].

 

Врз основа на споредбените согледувања за преземените активности во истиот период минатата година, е забележано зголемување на откривачката функција  за 37,6 % во однос на откриените дела и повеќекратно зголемување во однос на запленетите количини дроги. Исто така, за обележување е дека само во овој период се пресечени четири меѓународни канали, што е значаен успех во работењето на стручните служби бидејќи во текот на целата 2008 година беа пресечени четири меѓународни канали. 

 

Најголемиот број од делата 88 се откриени на подрачјето на СВР Скопје, каде се откриени 78 кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и десет “овозможување на употреба наркотични дроги”, при што оваа организациона единица заплени 28 килограми и 754,78 грама марихуана; 480,95 грама хероин; 2,3 грама кокаин; 418 таблети екстази и 150 стебла, 38,76 грама и 57 семки од растението “канабис сатива“.

 

Потоа, СВР Битола откри 51 дело, од кои на подрачјето на ПС Битола 15 кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и едно “овозможување на употреба наркотични дроги” при што е одземено 53,8 грама марихуана, 9,97 грама хероин, 20 таблети трамадол, 40 милилитри метадон, 16 стебла од растението „канабис сатива„ потоа на подрачјето на ПС Прилеп се откриени 28 дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци” и шест “овозможување на употреба наркотични дроги“ и е одземено 108,88 грама марихуана, 9,39 грама хероин, пет стебла од растението „канабис сатива„, и 4 таблети амфетамин и на подрачјето на ПС Крушево едно дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци” при што е одземено 0,18 грама марихуана.

 

СВР Охрид откри 44 дела, од кои на подрачјето на ПС Охрид 29 кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори„ и 20 “овозможување на употреба наркотични дроги”, при што се запленети пет килограми и 169,72 грама марихуана; 8,96 грама хероин; 95,36 грама хашиш; 65 таблети екстази; 0,1 грам кокаин, 194 милилитри метадон; 20 таблети хептанон, 20 милилитри апаурин, осум стебла и 51 парче семе од растението “канабис сатива“. На подрачјето на ПС Кичево се откриени  девет кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, и четири “овозможување на употрена наркотични дроги”, при што се запленети 50,7 грама марихуана, 5,4 грама херои, 433 семки од растението “канабис сатива“ додека на подрачјето на ПС Струга откриени се 12 кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и три “овозможување на употрена наркотични дроги”, и е запленето 270,36 грама марихуана, 19,9 грама хероин и 17 семки од растението “канабис сатива“.

 

СВР Куманово откри 40 дела сите на подрачјето на ПС Куманово,  36 кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и четири “овозможување на употреба наркотични дроги” при што одзеде еден килограм и 799,19 грама марихуана, 21,55 грам хероин, 0,5 грама кокаин, 9,4 грама амфетамин, 27 стебла, 14,6 грама и 79 семки од растението “канабис сатива“.

 

СВР Штип откри 36 дела, од кои на подрачјето на ПС Штип откриени се 17 кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и осум  “овозможување на употреба наркотични дроги”, при што одзеде 451,11 грама марихуана,  6,74 грам хероин, 0,17 грама хашиш и 244 таблети амфетамин, на подрачјето на ПС Кочани се откриени четири дела од кои две  “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и две  “овозможување на употреба наркотични дроги” и е одземено 16,5 грам марихуана, 2.075 таблети екстази и 0,1 грам амфетамини, на подрачјето на ПС Делчево се откриени три дела од кои две  “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” едно “овозможување на употреба наркотични дроги” при што е запленето 143,2 грама марихуана, 0,2 грама кофеин, 0,29 грама и 90 семки од растението “канабис сатива„, на подрачјето на ПС Берово се откриени три дела од кои две  “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” едно “овозможување на употреба наркотични дроги” при што се запленети 58 семки од растението “канабис сатива„,на подрачјето на ПС Свети Николе е откриено едно дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и е запленето 6,8 грама марихуана.

 

СВР Тетово откри 35 дела, од кои на подрачјето на ПС Тетово 25 кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” шест “овозможување на употреба наркотични дроги”   при што одзеде седум килограми и 162,77 грама марихуана, 5,06  грама хероин, 1,6 грама мешавина од парацетамол и кофеин, 2 таблети метадон 8 семки и 29 стебла од растението канабис сатива„, ПС Гостивар откри четири дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”  при што одзеде 315,3 грама марихуана, 10,4  грама хероин, 0,8 грама кокаин, 18,42 грама хашиш, 39,5 грама кофеин, 14,3 грама метанизол, 0,8 грама мефенорекс и 5,85 грама семки од растението “канабис сатива“.

 

СВР Струмица  откри 25 дела, при што на подрачјето на ПС Струмица откриени се осум кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и две “овозможување на  употреба  наркотични дроги”, и се запленети 533,19 грама марихуана, 137,57 грам хероин, седум стебла и 221 семка од растението „канабис сатива„, на подрачјето на ПС Гевгелија се откриени осум дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и едно “овозможување на  употреба  наркотични дроги” и се одземени 8,38 грама марихуана, 4,14 грама хероин, 25 семки од растението„канабис сатива„ и 0,1 грам мешавина од парацетамол кофеин, на подрачјето на ПС Радовиш се откриени  три дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и едно “овозможување на  употреба  наркотични дроги” при што одзеде 4 грама хероин и 70,6 грама марихуана, ПС Валандово  откри  две дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, при што одзеде 1,1 грам хероин, 3,5 грама марихуана 2 грама и 2 стебла од растението „канабис сатива„.

 

СВР Велес откри 16 дела, од кои на подрачјето на ПС Велес шест кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и две “овозможување на употреба наркотични дроги”  при што одзеде   170,33  грама марихуана, 242,24 грама хероин и 0,35 грама кокаин, осум стебла од растението „канабис сатива„, ПС Кавадарци откри пет  дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и едно “овозможување на употреба наркотични дроги”  при што одзеде   5,15 грама хероин и четири стебла од растението „канабис сатива„ и ПС Неготино откри две дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ при што одзеде 11,4  грам марихуана и 1,9 грама семки од растението “канабис сатива“.

 

Во овој период, Единицата за борба против недозволената трговија со дрога и оружје при Одделот за организиран криминал  од областа на недозволената трговија со дрога откри девет дела, при што одзеде 540 килограми и 684 грама марихуана, 88 килограм и 561 грама хероин, 30 грама фоноцитит со траги од кокаин, 175 стебла и 260 семки од растението “канабис сатива“. Пресечени се четири меѓународни канали и притоа се запленети 85 килограми и 181 грам наркотична дрога хероин.

 

Првиот меѓународен канал е пресечен на 24.04.2009 година на граничниот премин “Деве Баир“. на влез во Република Македонија на граничниот премин “Деве Баир“, при извршен детален преглед и претрес на возилото, во специјално направен бункер, во резервоарот за гориво, се пронајдени 117 пакувања во вкупна тежина од 60 килограми и 130 грама наркотична дрога хероин.

 

На 29.04.2009 година, во Неготино, пресечен е вториот меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога. При извршен претрес во авто-механичарски сервис на патничко возило со бугарски регистерски ознаки, во страниците од задните седишта, се пронајдени 20 пакувања во вкупна тежина од девет килограми и 795 грама наркотична дрога хероин.

На 28.05.2009 година, во заедничка акција на ООК со турската служба за борба против дрога, а со посредство на СЕКИ Центарот во Скопје пресечен  е третиот меѓународен канал. Имено во стовариште „Товарна - Скопје„  беше извршен преглед на такси возило, при што се пронајдени три јутени вреќи во кои имало обвиткано во ролни платно за фармерки, наменети за фиктивна фирма. При извршен преглед во една од вреќите сокрени во ролната пронајдени се 18 пакувања со вкупна тежина од осум килограми и 461 грам хероин. Инаку, се работи за меѓународна криминална група во која биле вклучени и македонски државјани која изминативе години успеала во западноевропските земји да прокриумчари дрога вредна повеќе милиони евра. Дел од членовите на групата биле приведени во неколку други акции, но групата и понатаму продолжила да делува. При реализирање на акцијата во Скопје од слобода се лишени двајца македонски државјани кои биле нарачатели на пратката на хероин и еден турски државјанин организатор на групата кој во предходниот период успеал да побегне на турската полиција при реализација на поголема операција за шверц на дрога и оружје, а бил со привремен престој во Косово.

На 09.07.2009 година,исто така во заедничка акција на ООК со турската служба за борба против дрога, во содејство со Царинската управа на РМ, а со посредство на СЕКИ Центарот во Скопје пресечен  е четвртиот меѓународен канал. Имено во стовариште во  Скопје е извршене преглед на патничко возило, при што се пронајдени две јутени вреќи во кои имало текстилна стока-пижами, наменети за фиктивна фирма. При извршен преглед во една од вреќите сокриени во текстилот пронајдени се 14 полиетиленски прозирни пакувања во кои се наоѓала кафеава прашкаста материја. Притоа, се пронајдени и запленети шест килограми и 795 грама хероин.

 

Карактеристичен е и случајот откриен во Тетово, кога на 10.03.2009 година при извршени претреси во домови и помошни простории се пронајдени околу 539 килограми марихуана.

 

Во овој период, нашите служби за дрога остварија успешна соработка со полициските служби на Турција и Бугарија, што резултираше со лишување од слобода на еден македонски државјанин во Истанбул  во чие товарно возило се пронајдени 134,5 килограми хероин, како и на еден бугарски и пет македонски државјани во стан во Благоевград каде се пронајдени 111 килограми хероин.

 

Во текот на девете месеци, за сторен прекршок „користење наркотични дроги” ( член 20 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир)  поднесени се 315 барање за поведување прекршочни постапки против  315 лица. Од вкупниот број пријавени, 26 се од женски пол, 25 се вработени, 10 се малолетници, а останатите се невработени.

 

Во текот на девете месеци од оваа година регистрирани се вкупно 176 нови корисници на дрога, а нивниот вкупен број изнесува 8.795.

 

Во рамките на меѓународната соработка преку Секторот за меѓународна полициска соработка се примени известувања дека во Германија, Турција, Бугарија, Италија, Австрија, Швајцарија Норвешка, Словенија, Србија  и на граничен премин помеѓу Србија и Хрватска од слобода биле лишени 48 македонски државјани од кои биле одземени околу 452 килограми хероин, 6,5 килограми кокаин, 130 грама марихуана, 10 таблети екстази и 3 килограми смеса од моноацетилморфин и хероин.

 

 



[1] Во истиот период минатата година беа otkrieni 221 delo “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции” и 53 дела “овозможување на употреба наркотични дроги”, при што беа odzemeni vkupno: вкупно 26 килограми и 119,68 грама и 0,5 милилитри хероин; 10 килограми и 643,12 грама марихуана; 176,67 грама кокаин; 12 килограми и 119 грама морфиум; 111 грама манитол; 12,24 грама опиум; 82,53 грама амфетамин; 30,68 грама хашиш; 290,5 таблети екстази; 1.096 таблети трамадол; 119 таблети антидеприсанти, 18 милилитри метадон; 601 парче афионова чушка; 268 стебла, 40 парчиња и 22,44 грама семки од растението „канабис сатива“, едно парче ЛСД; 10 килограми и 253,82 грама мешавина од парацетамол и кофеин и 0,1 грам кофеин[1].
Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk