Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

15.11.2009
Состојбите во безбедноста на патниот сообраќај во Р. Македонија во деветте месеци од 2009 година

Во текот на деветте месеци од 2009 година, бројот на сообраќајните незгоди со настрадани лица-незгоди со загинати и незгоди со повредени лица, во споредба со истиот период од минатата година, е во зголемување. Имено, во овој период случени се 3.247(2.935) сообраќајни незгоди со настрадани лица, што претставува зголемување за 10,6 % во споредба со истиот период од 2008 година.

 

 

 

Најголем број сообраќајни незгоди со настрадани лица се случиле на подрачјето на Скопје- 1.448 (1.375) незгоди во кои 43(34) лица загинале и 2.126 (2.016) се повредени, Тетово-236 (236) незгоди, во кои пет (6) лица загинале и 429 (441) се повредени, Куманово- 222(155) незгоди,  во кои седум (5) лица загинале и 328 (234) се повредени, Струмица- 156 (115) незгоди, во кои пет (3) лица загинале и 251 (178) се повредени, Прилеп-121 (137) незгоди, во кои девет (8) лица загинале и 164 (194) се повредени, Битола- 120(71) незгоди, во кои седум (3) лица загинале и 160 (104) се повредени, Охрид- 115 (91) незгоди, во кои три (8) лица загинале и 162 (139) се повредени, Штип- 94 (73) незгоди, во кои едно (3) лице загинало и 136 (104) се повредени итн.

 

Во овој период, најмал број незгоди со настрадани лица се случиле на подрачјето на Крушево- 4(2) незгоди.

 

 

 

Од вкупниот број незгоди со настрадани лица, во населените места се случиле 2.333 незгоди или 71,8% од вкупниот број, во кои 51 лице загинале и 3.239 се повредени, а на патиштата надвор од населените места се случиле 914 незгоди или 28,2% од незгодите, во кои 69 лица загинале и 1.703 се повредени.

 

 

 

Според видот на настанување на незгодите, најбројни се меѓусебните судрувања на возила во движење- 1.871 незгоди, потоа удар со возила во пешаци- 655 незгоди, потоа излетување со возила од патот-425 незгоди, удар со возило во објекти на патот или покрај патот-118 незгоди, превртување на возила на патот-95 незгоди, удари во застанати и паркирани возила на патот- 70 незгоди и удар во животни на патот-13 незгоди.

 

 

 

По месеци, најмногу незгоди со настрадани лица се случиле во јули- 471 незгоди, потоа во август- 436 незгоди, па во јуни- 433 незгоди, септември- 404, април- 348 незгоди и тн.

 

 

 

По денови, најзагрозени со сообраќајни незгоди со настрадани лица биле петоците со 498 незгоди, потоа четвртоците со 487 незгоди, вторниците-484, саботите-473 незгоди и тн.

 

 

 

По часови, најмногу незгоди се случувале во периодот од 16 до 17 часот- 240 незгоди, потоа од 17 до 18 часот- 230 незгоди, од 18 до 19 часот- 226 незгоди и тн.

 

 

 

Најмногу незгоди со настрадани лица предизвикале возачите на возилата- 3.019 незгоди или 93% од вкупниот број незгоди и тоа поради следните причини: поради управување со возила со поголема брзина од дозволената и со неприлагодена брзина спрема условите на патот и сообраќајот возачите предизвикале 936 незгоди, потоа поради непочитување на правилата за првенство на минување предизвикале 556 незгоди, непрописни движења и свртувања- 430 незгоди, недржење прописна страна и правец на движење-355 незгоди, непрописно престигнување-157 незгоди, управување со возилата под дејство на алкохол-117 незгоди, непрописно разминување-87 незгоди итн.

 

Пешаците во деветте месеци од 2009 година предизвикале 185 незгоди или 5,7% од вкупниот број незгоди со настрадани лица, а патниците предизвикале само пет незгоди со настрадани лица. Техничката неисправност на возилата била причина за случување на 14 сообраќајни незгоди со настрадани лица, поради непрописно сместен товар на возила се случила една незгода, поради неисправна состојба на патот и патната сигнализација се случиле девет незгоди и уште 11 незгоди се случиле од останати причини.

 

 

 

Во сообраќајните незгоди со настрадани лица, настрадале 5.062(4.612) лица, што во споредба со истиот период од минатата година е повеќе за 9,7%. Притоа бројот на загинатите лица-120 (96) е поголем за 24 лица или за 25 %, а бројот на повредените лица- 4.942(4.516) е поголем за 426 лица или за 9,4 %.

 

 

 

Според категоријата на учесниците во сообраќајот, најмногу настрадани лица се возачи- 2.385 лица, од кои 61 се загинати возачи и 2.324 се повредени возачи. Притоа, 29 загинати и 1.313 повредени се возачи на патнички автомобили, девет загинати и 445 повредени се возачи на мотоцикли, седум загинати и 216 повредени се возачи на велосипеди, седум загинати и 34 повредени се возачи на трактори, пет загинати и  224 повредени се возачи на мопеди, четири загинати и 68 повредени се возачи на товарни возила, седум повредени лица се возачи на автобуси, 12 повредени се возачи на запрежни возила и уште пет повредени лица се возачи на останати видови моторни и немоторни возила.

 

Од категоријата патници вкупно настрадале 1.947 лица, од кои 28 загинале и 1.919 се поврдени, од категоријата  пешаци вкупно настрадале 729 лица од кои 31 загинале и 698 се повредени и уште едно лице од останата категорија на учесници се здобило со телесни повреди.

 

 

 

На планот на сузбивање на сообраќајната деликвенција, во секојдневната контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата и при спроведувањето на повеќе селективно акциски контроли, против прекршителите на сообраќајните правила и прописи преземени се вкупно 256.167(243.984) превентивно репресивни мерки, што во споредба со деветте месеци од 2008 година, е повеќе за 5%.

 
 
 

Преземени превентивно-репресивни мерки

Деветте месеци од  2008

Деветте месеци од  2008

Вкупно мерки

256.137

243.984

Барања за поведување на  прекршочна постапка

116.664

99.030

Наплатени мандатни казни

18.633

17.360

Исклучени возила од сообраќај

11.905

13.213

Исклучени возачи од сообраќај

12.085

10.428

Времено одземени возачки дозволи

3.754

3.503

Извршени алкотестирања

57.071

50.342

Изречени опомени

25.937

42.336

Повикани на сообраќајна поука

2.690

1.570

Останати мерки

7.398

6.202

 

 

 

Имајќи во предвид дека бројот на сообраќајните незгоди е зголемен за 10,6%, при што за 9,7% е зголемен и бројот на настраданите лица, произлегува констатација дека безбедносната  состојба во патниот сообраќај во деветте месеци од 2009 година, во споредба со истиот период од минатата година, е понеповолна. Поради тоа, но и поради се поголемиот интензитет на сообраќајот во населените места и на отворените патишта и поради престојниот период кога сообраќајот ќе се одвива во зимски услови, неопходно е полициските станици и одделенија за безбедност на патниот сообраќај  перманентно да ги следат состојбите во оваа област и постојано да преземаат интензивни активности и мерки за уредно и непречено  одвивање на сообраќајот, како и мерки за сузбивање на сообраќајната деликвенција, со што ќе се влијае за постигање поповолни безбедносни состојби во оваа област.

 

 

 

Прилог: Табеларен преглед на сообраќајните незгоди со настрадани лица и бројот на загинати и повредени лица

 

Tабеларен преглед на сообраќајните незгоди со настрадани лица и бројот на загинати и повредени лица

 

 

Незгоди со настрадани лица

Број на загинати лица

Број на повредени лица

Вкупно:

3.244(2.935)

120(96)

4.942(4.516)

Скопје

1.448(1.375)

43(34)

2.126(2.016)

Битола

120(71)

7(3)

160(104)

Демир Хисар

9(6)

0(0)

13(8)

Ресен

23(21)

0(0)

28(35)

Прилеп

121(137)

9(8)

164(194)

Македонски Брод

6(2)

2(0)

10(4)

Крушево

4(2)

0(0)

7(3)

Велес

75(64)

1(1)

122(104)

Кавадарци

74(93)

4(4)

119(134)

Неготино

36(50)

7(3)

66(83)

Струмица

156(115)

5(3)

251(178)

Радовиш

33(33)

0(2)

57(65)

Гевгелија

36(28)

3(3)

52(40)

Валандово

17(10)

1(0)

25(26)

Куманово

222(155)

7(5)

328(234)

Кратово

7(6)

0(0)

8(12)

Крива Паланка

20(19)

2(0)

24(33)

Охрид

115(91)

3(8)

162(139)

Кичево

69(33)

6(1)

133(49)

Струга

54(35)

2(2)

99(49)

Дебар

17(17)

0(1)

36(26)

Тетово

236(236)

5(6)

429(441)

Гостивар

88(98)

4(2)

139(176)

Штип

94(73)

1(3)

136(104)

Пробиштип

13(3)

2(0)

18(6)

Св.Николе

47(45)

1(3)

87(69)

Кочани

49(63)

3(2)

60(93)

Виница

27(24)

2(1)

45(37)

Берово

17(13)

0(0)

24(23)

Делчево

11(17)

0(1)

14(31)

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk