Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

07.11.2009 Обраќање на министерот Јанкулоска
Отпочнување со работа на проектот за полициска едукација и обука
   


Би сакала најпрвин да Ве поздравам и да Ви посакам добредојде во Секторот за внатрешни работи во Струмица од каде ќе го означиме отпочнувањето со работа на  просториите за обука и едукација, какви што ќе функционираат и во останатите седум Сектори за внатрешни работи.

Овој проект го реализираме во соработка со нашите партнери од Мисијата на ОБСЕ, кои како и секогаш активно партиципираат во подршка на полициската едукација и обука.

Процесот на реформи е еден од врвните приоритети на Министерството за внатрешни работи, кој опфаќа имплементирање на современи стандарди во полициската обука кои ќе овозможат рационално, институционално конституирање и управување со обуката, следење на  квалитетот на  едукацискиот  процес во Европа и Светот и пренесување на знаењата кај нас.

Новите предизвици во борбата против криминалот налагаат постојано усовршување и следење на модерните принципи на полициско работење. Токму затоа целта ни беше преку формирањето на ваквите простории за обука да овозможиме побрз, полесен и попрактичен начин на едукација на полициските службеници во самите Сектори за внатрешни работи.

 

Министерството за внатрешни работи за првпат во рамките на секој Сектор за внатрешни работи систематизира работно место – инспектор за континуирано стручно оспособување. Покрај задачата за спроведување на континуирана обука, тој ќе има функција на  „скенер на средината„, што подразбира дека ќе има обврска да собира информации кои индицираат потреби од обуки во процесот на планирање. Инспекторите-обучувачите кои ке ја спроведуваат оваа континуирана обука, во соработка со ОБСЕ изминативе неколку месеци се обучувани според современите европски стандарди, со цел подобрување на нивните вештини во пренесување на знаењето.

 

Во овие регионални центри ќе се спроведуваат обемни обуки за голем број полициски службеници со што очекуваме да се зголеми степенот на стручното оспособување и усовршување.

 

 За успешно управување и спроведување на обуките, како основна задача на инспекторите за континуирано оспособување, неопходно беше да се обезбеди соодветна стандардизирана работна просторија за таа намена, како и материјално-технички средства за нивна реализација.

 

За воспоставувањето на децентрализираниот систем за континуирана обука на полицијата би сакала да изразам огромна благодарност до Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, која даде поддршка за стручното оспособување на инспекторите за континуирано стручно оспособување, како и да им се заблагодарам за несебичната поддршка во однос на опремувањето со материјално-технички средства на Регионалните центри за обука.

 

Убедена сум дека со ваквиот начин на полициска едукација ќе придонесеме за уште попрофесионален развој во кариерата на припадниците на полицијата и поголема ефикасност во работата.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk