Во првите девет месеци од оваа година, ефикасноста во откривање на облиците на организиран криминал е во зголемување за 18,6 %, споредено со истиот период претходната година, а евидентирани се вкупно 208 (177)[1] кривични дела извршени од 404 (289) сторители. Ваквото зголемување во деветмесечието, најповеќе се должи на ефикасно презмените мерки за откривање на корупцијата, односно на оствареното зголемување на бројот на регистрираните дела во оваа област за 67,8% - со откриените вкупно 40 (25) кривични дела[2] и пријавените 103 (32) сторители.
Анализирајќи го бројот на останатите регистрирани дела според структурата, најзастапени се делата фалсификување пари – 101 (91) кривично дело извршени од 87 (71) сторители, потоа делата поврзани со криумчарење мигранти и организирање група за вршење на овие дела – 23 (35) кривични дела, извршени од 52 (111) сторители, седум (три) дела „перење пари и други приноси од казнено дело“ за кои се пријавени 26 (осум) сторители, шест (девет) кривични дела „трговија со малолетно лице“, извршени од 12 (21) сторители и едно дело „трговија со луѓе“ (нема) извршено од еден сторител.
Понатаму, регистрирани се и 11 (едно) дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ извршени од седум групи на лица, односно 30 (тројца) сторители, осум (четири) дела „изнуда“ сторени на особено насилен начин и од група на сторители, за кои се пријавени 20 (11) сторители, четири (едно) дело „криумчарење“ по став 3, за кои сторителите останале непознати (двајца) и едно (две) дело „изработување и набавување оружје и средства за извршување кривично дело“, а пријавен е еден (двајца) сторител.
Исто така, во три од откриените случаи на организиран криминал, утврдено е дека 72 (27) од сторителите создале група или банда заради вршење на потешки кривични дела и истите се пријавени за шест (пет) дела „злосторничко здружување“.
Инаку, во деветмесечието делата се реализирани од Одделот за организиран криминал- 47 дела, СВР Скопје- 37 дела, СВР Струмица и СВР Штип – по 24 дела, СВР Куманово и СВР Охрид – по 20 дела, СВР Тетово- 18 дела, СВР Битола -13 дела и СВР Велес- пет дела.
Покрај овие дела, можат да се издвојат и откриените 64 (64) случаи во рамките на кои се сторени инкриминации кои можат да се подведат во организираниот криминалитет, односно откриено е коруптивно злоупотребување на службената положба, во рамките на кои 171 (140) лица, повеќето службени и одговорни лица и носители на државни функции, злоупотребувајќи ја службената положба сториле повеќе видови на кривични дела од економскиот криминал и го оштетиле Буџетот на РМ и акционерски друштва за повеќе од 678 милиони денари (над две милјарди денари).
Како што наведовме, во областа на класичната корупција се постигнати значајни резултати и зголемување во откривањето на кривичните дела, а регистрирани се 13 (девет) дела „примање поткуп“, извршени од 73 (15) сторители, 22 (12) дела „давање поткуп“, извршени од 24 (13) сторители и пет (четири) дела „противзаконито посредување“ извршени од шест (четворица) сторители.
Притоа, во делот на откривање на случаите на примање поткуп, за одбележување е планската акција на Одделот за организиран криминал, спроведена за откривање на организирано земање поткуп од полициските службеници на граничните премини „Ќафасан“ и „Табановце“. Во овој случај, идентификувани се три криминални групи, составени од вкупно 58 полициски службеници и тројца царински работници, помеѓу кои и тројцата организатори на групите, против кои се поднесени пет кривични пријави за сторени пет кривични дела „примање поткуп“ и четири дела „злосторничко здружување“. Утврдено е дека пријавените членови на групите, од странски државјани кои транзитирале низ РМакедонија за да им овозможат непречено поминување на границата, за пропуштање на возила кои не поседувале зелен картон, како за да им се овозможи влез во државава без пасошка контрола, барале и добивале одредена сума на парични средства, а потоа организаторите на криминалните активности, секојдневно го вршеле и распределувањето на добиените парични средства, и тоа по принципот на заслуги, а во висина од околу 50 до 150 евра дневно за секој полициски службеник.
Може да се издвојат и останатите дела каде како сторители се јавуваат полициски работници, во кои петорица, заради наводна заштита од кривично гонење, не поднесување пријава по ЗБСП и не преземање мерки на граничен премин, од управител на градежна фирма и двајца возачи без соодветна документација побарале од 10 до 16.000 евра.
Во другите случаи, пријавен е член на одбор на доверители од Куманово, професор на Филолошки факултет од Скопје, секретар на Комисија во МО, офтамолог и судски референт кои заради обезбедување поволно гласање, помош на студентка во полагање на испит, издавање одобрение за вршење на служба и заверка на правосилност на судска одлука побарале од 300 до 500 евра.
Осум од овие дела се откриени од ООК, три на подрачјето на СВР Скопје и две на подрачјето на СВР Куманово.
Понатаму, во најголемиот број случаи на давање поткуп- 19, истиот бил понуден на полициски и царински работници со цел да не бидат преземени законски мерки, односно бил понуден на полициски и царински службеници на ГК „Богородица“, ГП „Табановце„, „Долно Блаце“, „Деве Баир“, „Ново Село“, „Делчево“, како и на гранични полицајци на гевгелиското подрачје со цел побрзо да се помине границата, да се помине со товарно возило без соодветна документација, да не биде извршена пасошка контрола и контрола на сообраќајна документација, заради не поседување зелена карта и за да се овозможи илегално минување на границата.
Покрај граничните полицајци, поткуп е нуден и на сообраќајни полицајци и на други полициски работници со цел да не бидат преземени законски мерки по Кривичниот законик, да не бидат изречени казни за сторени прекршоци во сообраќајот, по законот за јавен ред и мир и слично.
Во другите три случаи, адвокат, одговорно лице во друштво за производство, трговија и услуги и роднина на одговорно лице во министерство дале поткуп од 1.000 до 10.000 евра на полициски службеник со цел да запре преткривична постапка, на стечајниот управител со цел да биде избегнато изготвување на извештај, како и за забрзување на постапка за добивање на дозвола за увоз.
Притоа, шест од делата се регистрирани на подрачјето на СВР Струмица (три од РЦ Југ) понатаму, на подрачјето на СВР Штип- пет (ПС Свети Николе- две и по едно на ПС Делчево и Берово), СВР Скопје- четири, СВР Куманово- три (ПС К.Паланка-едно) и СВР Битола- две (по едно на ПС М.Брод и едно од РЦ Запад) и Одделот за организиран криминал- две.
Во откриените случаи на противзаконито посредување, пријавени се адвокат, полициски службеник, секретар на лекарска комисија, урбан полицаец, одговорно лице во Министерство и консултант за економско-финансиски работи на поранешен градоначалник кои за искористување на службената положба и влијание при запирање на преткривична постапка, издавање одобрение за вршење воена служба, урбанизација на градежна парцела, потпишување дозвола за увоз на стоки и договор со фирма за реконструкција на светлосна сигнализација побарале и примиле од 1.200 до 5.000 евра.
Пет од овие дела се откриени од Одделот за организиран криминал а едно е откриено од СВР Скопје.
Делата „перење пари и други приноси од казнено дело“, во извештајниот период се откриени од ООК- три, две од СВР Скопје и едно од ПС Прилеп, а сторителите се јавуваат во својство на управители на приватни фирми- 14 лица, а по еден е управител на брокерска куќа и член во одбор на директори.
Во овие случаи, нелегално стекнатите 182 милиони денари се прибавени со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама при работење со хартии од вредност и удели“. Сторителите, нелегалните средства стекнати со незаконска продажба на акции на акционерско друштво, продажба на половни автобуси, изведба на водоводна мрежа во тетовско, нелегална трансформација и пререгистрација на акционерско друштво и незаконски пренос на имот на друга фирма, со цел да ги присвојат и прикажат како легални, ги префрлале на сметките на своите фирми притоа изготувајќи фиктивни фактури и договори, по што дел присвоиле за себе или дале како награда на трети лица, а во еден случај се стекнале со недвижен имот.
Во случаите на злоупотреба на службената положба со елементи на коруптивно однесување, пријавените сторители незаконитостите ги сториле во работењето на акционерски друштва- 10 случаи, понатаму, во единици на локална самоуправа, јавни претпријатија и трговски друштва – по девет случаи, во друштва со ограничена одговорност - осум случаи и на друг начин, а вкупната материјална штета нанесена на Буџетот, акционерските друштва и другите правни лица изнесува 678.346.717 денари.
Во овие случаи, сторителите се во својство на : директори ( на акционерски друштва, друштва со ограничена одговорност, јавни претпријатија и установи и земјоделски комбинати) -21 лице, управители (во акционерски друштва, друштва со ограничена одговорност и трговски друштва)- 17 лица, 11 се поранешни градоначалници, по осум се судии и стечајни управници, по петорица се во својство на членови на Управни одбори во АД и претседатели на Управни одбори, тројца се референти во Фондот за ПИО, по двајца се адвокати, судски извршители, началници во Генералштаб, претседатели во Комисии за јавни набавки, сопственици на фирми, вработени во Основен суд и членови на комисија, а по еден е во својство на јавен правобранител, заменик-јавен правобранител, хирург, нотар, член на Комисија, претседател на Месна заедница и претседател во Основен суд. Покрај овие, 24 од сторителите се јавуваат во својство на вработени службени лица во Јавни претпријатија, Фондови, локална самоуправа, Управа за јавни приходи, Јавна здравствена установа и Здруженија[3].
Во деветте месеци од оваа година, преземените активности во областа на криумчарењето мигранти резултираа со откривање на 22 (лани 26) кривични дела „криумчарење мигранти“ извршени од 45 (66) сторители и пет (девет) дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти“ извршени од 17 (45) сторители, при што биле прокриумчарени вкупно 100 мигранти од повеќе националности. (Делата се реализирани од Одделот за организиран криминал- 16 дела, потоа од РЦ- Југ- шест дела, РЦ Запад- три дела и РЦ Север и РЦ Исток - по едно дело).
За одбележување се случаите во кои се откриени организирани групи на криумчари, односно откриената меѓународна криминална група составена од 13-сторители (12 македонски и една српска државјанка) и две помали организирани групи на сторители составени од четворица и тројца сторители- сите македонски државјани. Меѓународната група е откриена во рамки на координирана акција на СЕКИ центарот, а нејзините припадници подолг временски период вршеле криумчарење на мигранти од Р.Кина, кои преку Р.Србија, Р.Македонија и Р.Грција заминувале во западноевропските земји, групата составена од четворица сторители делувала како дел од поширока организирана криминална група што мигрантите ги криумчарела од РАлбанија, преку нашата територија кон РИталија, додека третата група криумчари е откриена на магистралниот пат Битола-Ресен, при обид со две патнички возила да прокриумчарат осум албански мигранти, што требало илегално да ги пренесат во РГрција.
Во останатите случаи, мигрантите се откриени во патничките возила на криумчарите во близина на македонско-грчката граница, понатаму, при спроведени контроли во угостителски објекти на гостиварското, кичевското и тетовското подрачје како и при обид мигрантите да бидат авионски пренесени во западноевропските земји.
Анализирајќи ја структурата на сторителите по националност, може да се заклучи дека покрај тројцата српски и по еден албански и нигериски државјанин пријавени за криумчарење (од кои две жени), останатите пријавени сторители се македонски државјани кои криумчареле 38 албански, 35 кинески, 14 српски, седум македонски, тројца нигериски, двајца косовски и еден турски мигрант, од кои шест малолетни, а 28 жени.
Успешни мерки за откривање на појавата на „трговија со малолетно лице“ се преземени од Одделот за организиран криминал, од чија страна се поднесени и кривичните пријави за шест вакви дела (меѓу кои и едно дело „помагање“) против 11 македонски и еден косовски државјанин кои трудово и сексуално експлоатирале четири 17-годишни женски лица, три македонски и една косовска државјанка.
Имено, пријавени се тројца сопственици на угостителски објект кои прокриумчариле 17-годишна косовска државјанка а потоа илегално ја вработиле како пеачка, четворица сторители што живеат во Италија кои злоупотребувајќи ја лошата материјална положба на семејството на 17- годишната жртва од Крива Паланка и со лажно ветување на брак, организирале пренесување на лицето во РИталија, каде трудово и сексуално ја злоупотребувале, понатаму, четворица сторители кои прифатиле, засолниле, превезувале и трудово и сексуално експлоатирале 17-годишна девојка од Прилеп, а пријавен е и косовски државјанин кој злоупотребувајќи ја лошата материјална положба на семејството на малолетната жртва од Гостивар и со лажно ветување на брак, организирал пренесување на жртвата од БиХ во Франција, каде била психички и физички малтеретирана и трудово експлоатирана.
Покрај овие, од СВР Струмица во август оваа година е откриен и случај на „трговија со луѓе, а пријавениот сторител, за сума од 100 евра тргувал со македонски државјанин, кого илегално го пренел преку македонско-грчката граница заради вработување.
Во анализираниот период, регистрирано е зголемување на бројот на кривичните дела „фалсификување пари“, односно регистрирани се 101 (91) кривично дело, за кои се пријавени 87 (71) сторители , додека 44 дела останаа нерасветлени.
Најголемиот број од овие дела се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје- 24 (четири останаа нерасветлени), потоа СВР Штип- 17 (седум останаа нерасветлени),
СВР Охрид (осум останаа нерасветлени) и СВР Куманово (осум останаа нерасветлени) – по 15 дела, СВР Тетово- 12 (10 останаа нерасветлени), СВР Струмица- девет (три останаа нерасветлени) и СВР Велес- пет (три останаа нерасветлени) и СВР Битола- четири (едно остана нерасветлено).
Притоа, во угостителски објекти, обложувалници, при плаќање на такси, во продавници, аптеки, менувачници, банки, пазар, бурекџилница, трафика, диско и во простории на авто-мото сојуз биле пуштени во оптек вкупно 427 (279) фалсификувани банкноти- најголемиот број во апоени од 50 евра- 303 банкноти[4], 1.000 денари- 52 банкноти, од 100 евра- 26 банкноти, од 20 евра- 15, од 500 денари- 10, од 50 американски долари- осум, седум од 100 американски долари, пет од 200 евра и една од 5.000 денари.
Понатаму, регистрирани се 11 (едно) дела недозволената трговија со дрога, извршени од групи на сторители и на организиран начин, а пријавени се 30 (тројца) сторители, при што се откриени и два меѓународни канали за транспорт на хероин. Овие дела се откриени од Одделот за организиран криминал- шест, СВР Куманово- две и СВР Тетово, Охрид и Штип- по едно дело.
Во овие случаи, од сторителите, кои наркотичните дроги ги набавувале за натамошна продажба а при реализација на случаите кај нив се откриени и одземени вкупно 149 килограми и 177 грама марихуана, 80 килограми и 140 грама хероин, 65 таблети „екстази“, 96 стебла амфетамин и 0,17 грама хашиш.
Во овој период, откриени се и организирани форми на инкриминации од општиот криминал со елементи на насилство, односно регистрирани се осум (четири) кривични дела „изнуда“ сторена во група и на особено насилен начин (чл.258 ст.2), извршени од 20 (11) сторители (делата се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје, СВР Охрид- три, СВР Тетово (ПС Дебар и ПС Тетово- по едно) – две и по едно на подрачјето на СВР Битола и СВР Струмица (од ПС Радовиш).
Во овие случаи, двајца сторители најнапред грабнале две лица а потоа од нив со употреба на пиштол изнудиле 10.000 евра, потоа, тројца други сторители со пиштол му нанеле повреди на соственик на угостителски обидувајќи се да изнудат 100.000 евра, четворица сторители со закана по животот и физичка сила изнудувале 7.000 евра од сопственик на фирма кој требало да им обезбеди работни дозволи, две лица со сериозни закани се обиделе да изнудат 1.000 евра од свој сограѓанин, а останатите девет сторители, од малолетници и со закани се обиделе да изнудат 500 евра, златен ланец и денари.
Исто така, во извештајниот период е регистрирано и едно дело набавување оружје и средства наменети за извршување кривично дело, за што, од СВР Охрид е пријавен 22-годишен охриѓанец кој при нарушен јавен ред и мир пред диско-клуб во Охрид се заканувал на присутните со пиштол што го поседувал без одобрение, а за откриените 968 штеки цигари и 2.002 парчиња лекови на подрачјето на тетовското село Јажинце, од СВР Тетово се поднесени кривични пријави за сторени четири (едно) кривично дело „криумчарење“ по став 3, за кои сторителите останале непознати (двајца).
најголемо влијание на зголемениот број на фалсификувани банкноти имаат откриените пет случаи (во шестмесечието) на пуштање во оптек поголема количина на фалсификувани банкноти од 50 евра (284) при купување на крупен добиток, од страна на две лица од Скопје.