Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

31.10.2009 Министерката Јанкуловска во Охрид на уништување запленети мрежи за криволов
Уништени 33 км рибарски мрежи

Превземено од МИА

Oхрид, 31 октомври– Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска во Езерската полиција во Охрид присуствуваше на уништувањето на мрежи и риболовен алат, запленети во текот на првите девет месеци на оваа година.

- Денеска уништуваме над 460 мрежи со просечна должина од 70 метри. Тоа значи вкупната должина на мрежите е над 33 километри, што илустративно кажано може да се покрие целата водена граница на Охридското Езеро, рече Јанкуловска.

Таа издвои еден специфичен случај, во кој Езерската полиција при контрола на државната граница од двајца албански државјани запленила 118 парчиња риба, сите посебно обележани од експертите на Хидробиолошкиот завод, со што е направена значителна штета врз рибниот фонд во Охридското Езеро.

Министерот Јанкуловска најави дека активностите на полицијата за сузбивање на криволовот на Охридското Езеро продолжуваат, посочувајќи дека во споредба со минатата оваа година ефикасноста во рамките на преземените активности бележи пораст, како во количината запленети мрежи и улов, така и во одземениот најразновиден алат за криволов

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk