Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 


22.10.2009

Почитуван

Народен правобранител,

Почитувани Дами и Господа

 

Ми претставува особено задоволство да Ве поздравам  по повод отпочнувањето на ,,Третата тематска работилница посветена на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Народниот правобранител, подржан од мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

 

На денешната промоција на овој проект сакаме да укажеме на значењето на улогата на превентивниот механизам што го има Народниот правобранител што претставува достигнување во секое демократско општество, што е уште еден доказ за вистинската посветеност на Министерството за внатрешни работи во унапредувањето на мерките за заштита на правата на човекот во нашите секојдневни заложби за транспарентност во работата и  отчетност пред граѓаните.

 

Министерство за внатрешни работи преку секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди како контролен механизам врз работата на полицијата и годинава преку широк спектар активности ја интензивира својата работа со што го продолжи трендот на зголемување на својата ефикасност и ефективност во работата.

 

Зголемен е бројот на случаите во кои се преземени мерки против вработени во МВР кои постапувале спротивно на законските прописи, а постапено е по рекорден број претставки од граѓани.

 

Со цел натамошно подобрување на сервисната функција на  Министерството за внатрешни работи, продолжуваме со бројни проекти со ОБСЕ Мисијата, во насока на промоција на демократски методи во работата. Целта е да го истакнеме неселективниот пристап, еднаквиот третман кон сите граѓани без разлика на тоа дали се пријавители, приведени или повикани.

 

Поаѓајки од начелото на транспарентност, во досегашното работење, Министерството за внатрешни работи преку јавни и медиумски кампањи промовираше информативен материјал во облик на флаери и постери кој беше дистрибуиран до сите полициски станици кој содржи информации и поуки за правата на граѓаните, но истовремено е наменет и за припадниците на полицијата. Наша цел е на граѓаните да им ги објасниме нивните права доколку истите им се загрозени од  непристојно однесување или  корупција од страна на одредени полициски службеници.  Покрај ова формирани се Советодавните групи на граѓани и локални совети за превенција кои заедно со новоназначените инспектори за превенција треба уште повеќе да го подигнат нивото на доверба и соработка меѓу полицијата и граѓаните.

 

Преку сите овие активности, всушност испраќаме порака дека македонската полиција успешно се реформира и се насочува кон своите граѓании во својата работа манифестира отвореност и отчетност.

 

На крај би сакала да ја истакнам одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и институцијата Народен правобранител, која е од исклучително големо значење во делот на почитување на основните слободи и права на граѓаните, што е основно обележје на една деморкатка држава која веќе чекори кон патот на Европската унија и НАТО.

 

Ви благодарам.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk