Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 


20.10.2009

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди како контролен механизам на Министерството за внатрешни работи врз работата на полицијата и Министерството и во 2009 година, го продолжи трендот на зголемување на својата ефикасност и ефективност во работата и со остварување на активностите содржани во Програмата за работа.

Во текот на деветте месеци од годинава, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, преземаше мерки за испитување на  1022 (849)[1] случаи на посочени пречекорувања на овластувања и злоупотреби на службената положба и овластување на службени лица, што претставува зголемување на бројот на испитани случаи за 20,3 % во однос на истиот период минатата година.                                

Во овој период од годинава е забележано намалување за 17% на бројот на  примени  писмени представки од граѓани- 371 (447), а за 9,1 % е намален и бројот на примени записници за усно поднесени претставки- 200 (220), во кои граѓаните реагираат на одредени неправилности во работењето претежно на полициските службеници. Исто така, за 19,5% е намален бројот- 136 (169) на примените пријавите за непрофесионално и незаконско постапување на припадници на МВР  по приjaва на телефонскиот  број 199. Во oколу 30 % на вака пријавените случаи, граѓаните не ги кажуваат генералиите, а и различни се видовите на злоупотреба пријавени по телефонска пријава. Во овој период од годинава,  зголемен е бројот на примени  анонимни поднесоци- 68 (52), во кои граѓаните укажуваат на одредени неправилности во работењето на  вработени лица во МВР, меѓутоа од најразлични причини не ги кажуваат сопствените генералии.

Во однос на минатата година, писмени реакции во вид на претставки жалби и поплаки против работата на вработените во Министерството за внатрешни работи се добивани и преку невладини организации, вкупно - 51 (57). Поголемиот број  на добиените поднесоци од невладини организации- 29 (38)  се од  Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија, една од НВО „Поезија“, Здружението „Достоинство“ и ХДЗР „Месечина“,  додека останатите 19  поднесоци се од невладини организации имплементирани во Прoeктот за подршка на човековите права. Од овие невладини организации, најголем број претставки –  шест   се од Центар за граѓанска иницијатива (6),  по пет од здружението "Сите за правично судење"(2) и  НВО „Избор“ (2),   две од Здружението на за правата на ромите"ARKA"(4) и една од Центарот за демократски развој (5). Ваквите поднесоци  во  најголем број случаи се однесуваат на предмети кои се повторуваат, за кои веќе од други субјекти се добиени претставки или по други основи е доставуван одговор.

Исто така, во овој период се добиени и  46 (31) поднесоци од Народниот правобранител како и 19 поднесоци од aдвокати како полномошници на граѓани.

Во најголем број на случаи, претставките се однесуваат на забелешки за непрофесионално постапување на овластените службени лица  во смисла на непреземање на службени дејства по однос на одреден настан или се незадоволни од преземените мерки и активности, забелешки на записниците при случена сообраќајна незгода, начинот на приведување и лишување од слобода и слично.

Покрај, добиените претставки, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди постапуваше   врз основа на сопствени податоци и сознанија по добиени известувања,  по наредба на министерот, како и по барања што ги доставуваат или непосредно ги презентираат работниците на  Министерството. Во овој период е зголемен бројот на  добиени  115  (83) службени материјали (сл.белешки, информации, телеграми) од организационите единици во МВР во кои сe укажува на одредени неправилности или незаконитости сторени од припадници на МВР.

Oд 1022 случаи за кои се вршени проверки, 729 се предмети кои се постапувани врз основа на добиени претставки од граѓански и правни лица во кои се посочени неправилности извршени од страна на вработени во МВР, a останатите се по добиени известувања, сознанија и друго. Од анализа на структурата на добиени и постапени предмети по претставки од граѓани, може де се констатира дека во 460  случи  наводите изнесени во претставките се неосновани, 115  случаи се основани, 100  предмети се без исход, односно нема доволно докази за да се потврдат или отфрлат наводите во претставката, 28 се  делумно основани,  за   четири предмети има потреба од дополнително преземање на мерки, односно проверките продолжуваат, a за 22 случаи од претставките е утврдено дека нема основ за постапување или не се во надлежност на СВКПС.

Инаку, за сите постапени 1022 предмети по извршени проверки, за 210 (209) случаи се утврдени  oдредени неправилности во работењето на припадниците на Министерството за внатрешни работи, при што согласно Законот за внатрешни работи, Колективниот договор на МВР и останатите правилници, oд страна на СВКПС се изречени задолжителни мерки против службените лица кои непрофесионално и незаконски постапувале. Tака, во 88 (43) случаи за утврдените неправилности СВКПС против  153 (96) полициски службеници изрече поведување на  постапка за утврдување на одговорност, a во 67 (40) случаи  мерката  намалување на дел од плата зa 144 (71) вработено лице во МВР. Исто така, во 75 (32) случаи, по извршените проверки СВКПС, изрече задолжителна мерка предупредување за  124 (48)  службени лица. Вo 9 (11) случаи кога по извршените проверки се утврдени одредени неправилности, од страна на СВКПС е изречено  прераспоредување на друго работно место за 13 (19) службени лица, за 19 (32)  припадници на МВР изречени се задолжителни мерки за оддалечување од работното место и Министерството- суспендирање, а за 66 вработени во МВР се изречени задолжителни мерки непосредниот старешина да покрене постапка до Министерот за внатрешни работи да биде донесено Решение за отказ без водење на постапка пред Комисијата за отказ (за 58 од нив се работи за кривични пријави поднесени од Одделот за организиран криминал, што се однесуваат на кривични дела примање поткуп потив вработени на ГП „Табановце“ и ГП „Ќафасан“. Во 54 случаи (11) е изречена задолжителна мерка покренување на постапка за утврдување на материјална одговорност за надомест на штета против 54 лица, а за еден припадник на МВР е предложено поведување на прекршочна постапка.

        Инаку, во случаите каде се утврдени незаконитости во постапувањето на службените лица кои имаа обележје на кривично дело, од страна на СВКПС се поднесени   26 (19) кривични пријави  против  37 службеници лица за сторени 30 кривични дела. Од вкупно пријавените  30 кривични дела, најмногу-18 се за „злоупотреба на службената положба и овластување“, четири кривични дела „фалсификување службена исправа“, две дела „измама“  и по едно кривично дело „примање поткуп“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „предизвикување општа опасност“, „несовесно работење во службата“, „послужување во службата“  и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Од вкупно пријавените лица,  19 се полицајци, шестмина инспектори, двајца поранешни началници, двајца командири, двајца референти во управни служби, еден началник, еден помошник командир, еден поранешен заменик командир,  еден поранешен командир, еден поранешен аналитичар,  и еден оператор на терминал. Од нив, 11 лица се вработени во Секторот за гранични работи, седум се вработени во СВР Куманово, седум во СВР Скопје, двајца во НК за КР Струга, двајца во МВР (ЦПС- Сектор за обезбедување и ПС за БПС- автопат), двајца во СВР Тетово, двајца во СВР Велес, двајца во ПС Гостивар (еден од нив во ПС за БПС), еден во ПО за БПС Кочани,  и еден вработен во Надворешна канцеларија за управни работи-Крушево.

        Во овој период, СВКПС поднесе и една кривична пријава против граѓанин за  сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело".

Покрај ова, во деветте месеци од годинава се изготвени и доставени  48 (25) Посебнен извештај до Основните јавни обвинителства во Р.Македонија, од кои 27 се по барање на  OJO, a 21 Посебни извештаи се за известување на надлежниот јавен обвинител за негово понатамошно постапување.

Во овој период,  Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во еден  случај ја испитуваше основаноста оправданоста и правилноста за употреба на средства за присилба, при што е утврдено дека истата е основана, оправдана и правилно употребена и е во согласност со Законот за полиција и  Уредбата за употреба на средства за присилба.

Во текот на изминатите шест месеци од годинава, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди постапуваше по  54 (48) поднесоци, од граѓани во кои  е наведено дека спрема нив од полициски службеници  e употребена физичка сила. По преземени мерки е утврдено дека 26 поднесоци се неосновани, а во 25 случаи поради немање на доволно докази не може да се утврдат наводите во претставката за употребена физичка сила, при што за четири од тие случаи се поднесени Посебни извештаи до јавното обвинителство за негово запознавање и постапување. Додека во три случаи е утврдено дека физичката сила е неосновано и неоправдано употребена. За двата случаи до  Основните  јавни обвинителства во Тетово и Скопје се поднесени посебни извештаи за нивно запознавање и натамошно постапување, додека за еден од тие случаи од раководителот на организационата единица каде е вработено лицето кое неосновано и неоправдано употребил физичка силa е поведена постапка за утврдување на одговорност пред надлежната Комисија за отказ.

Во врска со добиените предмети, по извршени предмети од страна на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, доставени се  671 (555) одговори до граѓани, 45  одговори до невладини организации, 47 одговори до фирми,   како и одговори до други субјекти и правни лица (адвокати, , Министерства, судови и др).

Од вкупно примените  46  поднесоци од Народниот правобранител, одговор е доставен на 44 претставки, останатите две се во постапка за проверка и изготвување на одговор. Исто така, во овој период од Народниот правобранител се доставени и пет одговори на поднесоци добиени при крајот на 2008 година.

Изминатата година, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди излезе на лице место за 175 случени сообраќајни незгоди со возила сопственост на МВР. Од извршените проверки е констатирано дека само во еден случај возилото било управувано без уредно издаден налог за патување, а во четири случаи кај полицискиот службеник е констатирано присуство на алкохол во организмот. Во случаите каде е утврдена вина за предизвикување на сообраќајната незгода од страна на соодветните служби во МВР се поднесени  11 кривични пријави и 44 прекршочни пријави. За случаите каде се утврдени пропусти од страна на полициските службеници поради кои е настапена материјална штета на возилата сопственост на МВР, СВКПС до непосредните раководители каде истите се вработени изрече задолжителни мерки да бидат покренати 59 постапки за надомест на штета, а во пет од случаите поради управување без налог на возило и алкохолисаност на полицискиот службеник за време на извршување на службени задачи е изречено и поведување на постапка за утврдување на одговорност пред надлежната Комисија за отказ.

Во анализираниот период, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди и понатаму продолжи со вршење на контроли во организациони единици на МВР, со цел утврдување на алкохолизираност на полициските службеници за време на работа, почитување на работното време, употреба на службени возила со уредно издаден налог за патување, управување на приватни возила со изминат рок на важност на сообраќајните дозволи и почитувањето на стандардните оперативни процедури. Извршени се 18 контроли во сите осум Сектори за внатрешни работи,  во 36 полициски станици, 26 полициски одделенија, 14 Надворешни канцеларии за криминалистички работи, 5 Одделенија (организиран криминал, недозволена трговија со дрога, економски криминал, аналитика и крим техника) во СВР Куманово, четири полициски станици во два Регионални центри  за гранично управување во Секторот за гранично управување и миграции, како и контроли  на Посебната мобилна единица за борба против криминалот. Извршено е алкотестирање на 1.289 полициски службеници, при што кај 28 лица е утврдено присуство на алкохол во крвта. За сите лица кај кои е утврдено дека консумирале алкохол од страна на СВКПС до непосредните старешини се изречени соодветни задолжителни мерки (за 21 лица намалување на дел од плата,  за осум лица поведување на дисциплинска постапка, од нив едно лице одби да биде алкотестиран). За констатираните пропусти по однос на процедурите за постапување со повикани, приведени и задржани лица,  се предложени мерки за нивно надминување, а на едно лице поради управување на приватно возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола му е издаден налог за наплата на глоба. При вршење на контрола во полициските станици на Регионалните центри за гранично управување, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, по претходен договор за соработка,  пружи стручна помош при вршење на контрола на инспекторите од Одделението за професионална одговорност при Царинската управа околу утврдување на присуство на алкохол кај царинските службеници, вработени во царинската служба на граничните премини каде што беше спроведувана контролата.

Во јануари годинава, извршена е контрола пред седиштето на МВР,  на ПМВ сопственост на МВР на РМ, управувани од службени лица, како и контрола на  ПМВ во приватна сопственост,  управувани од вработени во МВР. Контролирани се 46 службени возила, од нив  11 службени лица не поседуваа налог за нивно управување,а останатите контролирани службени лица имаа налози за користење на службени возила со различен рок на важење: дневни, месечни, периодични и др. Со контролата  откриено e приватно возило управувано од  полициски службеник на кого му беше изминат рокот на сообраќајната дозвола, поради што  му беше  издаден налог за наплата на глоба за сторен прекршок од Законот за безбедност на патниот сообраќај.

Во првата половина од годинава, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди  во координација со Државниот инспекторат за транспорт  изврши 26 контроли на  наплатни станици во Републикава со цел откривање на злоупотреба на службените легитимации и поминување на наплатни станици на вработени во МВР без при тоа да бидат подмирени трошоците согласно Законот за јавни патишта. За време на контролите поминаа 752 возила без да платат патарина. Од нив, 38 возачи се вработени во Министерството за внатрешни работи, 118 возачи вработени во државни институции, а останатите се граѓани кои искористиле згодна прилика или користеле разни видови картички за поминување без да платат патарина. На сите возачи кои ги поминаа наплатните станици без да платат патарина им беше издаден платен налог за наплата на глоба за сторени прекршоци од Законот за јавни патишта. Покрај налогот за наплата на глоба, од страна на  СВКПС против  вработените во МВР, кои ги злоупотребија службените легитимации спротивно на подзаконските акти до  непосредните старешини каде истите се вработени, изречени се задолжителни мерки за поведување  постапка за утврдување на одговорност на полициските службеници пред надлежните Комисии за отказ.

Во февруар, март и август 2009 година, од страна на виши советници во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди  се извршени контроли  во Одделението за управни работи во СВР Скопје, СВР Битола, СВР Тетово, СВР Kуманово, СВР Штип, СВР Охрид, СВР Струмица, ПС Прилеп, ПС Гостивар, ПС Кочани и ПС Кавадарци. Контролите се спроведени во однос на утврдување на  законитото и професионално работење на вработените во рефератите за патни исправи, матичното работење, моторни возила и лични карти во наведените Одделенија за управни работи. За констатираните пропусти во работењето од страна на СВКПС беа предложени соодветни мерки за надминување на истите.

Во текот на анализираниот период од годинава, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди  заедно со претставници од пазарната и трудова инспекција во 11 наврати извршија контрола на 104 угостителски објекти (кафе барови и дискотеки) на подрачјето на Скопје, Тетово, Гостивар, Струмица, Кавадарци, Охрид, Струга, Прилеп, Кичево, Делчево, Демир Капија, Кавадарци и Неготино, со цел откривање на припадници на Министерството за внатрешни работи, кои извршуваат обезбедување на истите. Од извршените контроли не беа откриени припадници на МВР кои постапуваат спротивно на Правилникот за работите и дејностите што се во судир со полициските работи. Додека инспекторите од пазарна и трудова инспекција вршеа контроли на угостителските објекти во рамките на своите надлежности, а поради утврдени пропусти во работењето истите затворија 18 објекти.

        Како и досега, една од главните приоритети на  Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди беше и превентивното работење. Во таа насока, особено внимание беше посетено на: унифицирање во постапувањето на полициските службеници во одделни сегменти од полициското работење таму каде што ќе се констатираше невоедначеност во постапувањето; укажување од потребата за регулирање, усогласување или измена на одредени подзаконски акти; како и  укажувања за отстранување на негативни состојби и појави кои имаат влијание врз ефикасноста на работењето на полициските службеници.

На крајот на 2008 година, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди изготви нова Антикорупциска програма на Министерството за внатрешни работи  за 2009 година, каде што се дефинирани целите и приоритетите за оваа година. Како и минатогодишната и Програма за 2009 година, содржи  Акциски план за нејзина имплементација и е усогласена со националната антикорупциска програма.                                         Како резултат на  обуката спроведена на крајот на 2008 година, за борба против корупцијата на 15 обучувачи од Регионалните центри за гранични работи, истите во овој период во Секторот за гранични работи и миграции и во четирите Регионални центри за гранично управување спроведоа антикорупциска обука на 555 лица. Обука на тема „корупција“ во април годинава, од престставник на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди и од националниот координативен центар за гранично управување беше спроведена  и на вработени во Отсекот за персонализација на документи во Одделот за информатика и телекомуникации.

Во мај годинава, претставници од Секторот внатрешна контрола и професионални стандарди го посетија Австриското федерално биро за внатрешни работи-Биро за внатрешни истраги, на која посета беа разменети искуства од двата Сектори. Посетата беше со цел да се интезвира меѓусебната соработка и соработката со другите сродни служби од Европа. Исто така, раководителот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, во периодот од 09 до 18.07.2009 година, учествуваше на третото интернационално антикорупциско летно училиште, во Хернстеин – Австрија, под мотото „практиката ја задоволува науката“ во организација на БИА од Австрија,  подржано од 32 земји, на кое учествуваат претставници од полициски служби, истражни судии, јавни обвинители, судии, советници, владини функционери и претставници од невладиниот сектор од земји од ЕУ, земји кандидати за ЕУ, како и претставници од Кина, Авганистан, Ирак и Боливија.

На 24 и 25.09.2009 година во Будва, Република Црна Гора во организација на Мисијата на ОБСЕ во Црна Гора и службата за внатрешна контрола на полицијата при Управата на полицијата во Р.Црна Гора се одржа Регионална Конференција на службите за внатрешна контрола на полицијата на земјите од Југоисточна Европа на тема:„Борба против корупција во полицијата“, на која учествуваа претставници на службите за внатрешна контрола во Министерствата за внатрешни работи на Р.Македонија, Р.Црна Гора, Р.Србија, Р.Хрватска, Р.Бугарија, Р.Босна и Херцеговина, Р.Албанија, Р.Романија и Шведска.

Во мај годинава во Скопје, беше спроведена тридневна обука и размена на искуства на  претставници на Генералната инспекција на Националната француска полиција со вработени во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

        На иницијатива на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, на почетокот на март 2009 година,  во Центарот за обука во Скопје е реализирана  едукативна обука на припадниците на посебната мобилна единица на полицијата за борба против криминалот – “Алфи“, во траење од пет дена,  посветена на корпусот човекови слободи и права од аспект на полициското работење. На неа припадниците на посебната мобилна единица, поделени во тимови, беа запознати со нормите во областа на човековите слободи и права. На обуката, пред припадниците на посебната мобилна единица свои излагања имаа и претставници на Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет за човекови права, како и на невладините организации „Коалиција сите за правично судење“ и „Месечина“.                                                              На 11 и 12 април 2009 година, во Центарот за обука на МВР во Скопје,  во организација на невладините организации имплементирани во Проектот за подршка на човековите права, подржани од Фондацијата Институт отворено општество- Македонија и Фондот за жртви од тортура при ООН, а во соработка со Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди и Управата за извршување на санкции при Министерството за правда  се одржа обука на тема: „почитување на човечките права на лицата лишени од слобода“. На обуката учествуваа петмина вработени во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, 25 сменоводители во полициски станици, како и 15 службеници од Управата за извршување на санкции- Сектор за обезбедување во КПД Идризово.

TАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД

на одредени податоци од Секторот ва внатрешна контрола и професионални стандарди

 

 

 

 

 

I. Задолжителни мерки од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди по вид и години:

 

 

 

Вкупно предмети по кои е постапено

Kривични пријави

Барање за поведување прекрш.

постапка

Поведув. дисциплин.

постапка

Намалув.

на дел од плата

Писмено предупредување

Прераспоредување на др. работно место

Постапка за надомест на материј. штета

Оддалечување  од

раб.место

 2006 г.

 691

34-37

8-8

58-102

51-93

66-102

29-57

3-3

12-12

 2007 г.

974

62-106

11-12

98-179

81-145

93-149

18-43

3-3

40-84

2008 г.

1148

67-75

6- 6

90-173

57-96

81-122

24-53

31-32

10-39

9м 2009

1022

26-37

2-2

88-153

67-144

75-124

9-13

63-63

11-19

 

 

 

 

II. Поднесоци против полициски службеници за употребена физичка сила.

 

 

 

 

вкупно

поднесоци

Основани

Неосновани

нема докази

 2006 година

83

9

51

23

2007 година

61

9

33

19

2008 година

64

4

36

24

9 мес. 2009 год.

54

3

26

25

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

III. Поднесоци од Народниот правобранител

 

 

 

Вкупно

поднесоци

одговорени

2006 година

112

103+(16) [2]

2007 година

50

44+ (9)

2008 година

51

46+ (6)

9 мес. 2009 год.

46

44+ (5)

 

 

 

 

  IV. Добиени и одговорени поднесоци од невладини организации

 

 

 

 

примени

одговорени

Хелсиншки комитет

29

26+(1)

„Aрка“

2

1

„Сите за правично судење“

5

5

„Центар за граѓанска иницијатива“

6

5

НВО„Избор“

5

5

Центар за демократски развој

1

1

НВО  „Поезија“

1

/

Здружение „Достоинство“

1

1

ХДЗР „Месечина“

1

/

Вкупно

51

44+(1)

 

                                   



[1] Бројките во заградата се однесуваат на истиот период минатата година

[2] Бројката во заградата се однесува на одговори по предмети добиени претходната година.
Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk