На 23.10.2009 година Советот на Министри на ЕУ донесе одлука да го овласти Директорот на Европол да започне преговори за потпишување на Оперативен договор за соработка помеѓу Република Македонија и Европол. Од страна на правните служби на Европол до националната контакт точка во Република Македонија - СМПС, Одделение за Европол, во Ноември 2009 доставено беше известување за започнување на преговорите за Оперативен договор со предлог за датум за преговори на 15/17.12.2009 година и доставена беше Програма за преговорите и предлог Модел за договор.
Од страна на надлежните министерства и инстититуции во Република Македонија, беа преземени активности за подготовка за преговорите односно достава до Владата на РМ на Предлог за поведување на постапка за склучување на договорот со предлог за формирање на Делегација - Тим за преговори согласно Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори.
Во Делегацијата за преговори согласно усвоената информација од Владата на РМ партиципираат преставници од Министерството за внатрешни работи (и тоа од Сектор за меѓународна полициска соработка, Сектор за соработка со НАТО и класифицирани информации, Сектор за заеднички работи при ЦПС, Сектор за правни работи и управување со човечки ресурси и Сектор за ЕУ) како и преставници од Министерството за надворешни работи и Дирекцијата за заштита на лични податоци.
Пред започнувањето на преговорите од страна на Преговарачкиот тим беа одржани повеќе подготвителни работни состаноци и тоа на 27.11.2009, 04, 07 и 10.12.2009 на кои беше извршено детално разгледување на Предлог текстот на модел договорот доставен од Европол и беа дадени одредни коментари и забелешки за преговарање во делот на размената на лични и класифицирани информации, назначување и статус на офицер за врска.
Првата рунда на преговорите за склучување на оперативен и стратешки договор за соработка меѓу Република Македонија и ЕВРОПОЛ, се реализираше во периодот од 14 до 18.12.2009 година, во Хаг -Холандија. Со оглед на широкиот состав на преговарачкиот тим, во предметната првa рунда на преговори зедоа учество четири претставници од МВР, еден претставник од Дирекцијата за заштита на лични податоци и еден преставник од МНР.
Во текот на трите работни денови, детално беа разгледувани следните елементи од договорот:
Преамбула
Дефиниции, цел и области на криминалитет на кои се применува договорот, области на соработка
Национална контакт точка,надлежни органи за спроведување на договорот
Размена на информации, и доставување на лични податоци од страна на РМ и од страна на Европол, проценка на извор и информација, менување и бришење на информации
Офицери за врска на РМ во Европол и на Европол во РМ
Одговорност за штета, решавање на спорови и трошоци
Анекс 1 на договор со одредби за размена на класифицирани информации
Анекс 2 на договор со одредби за дефиниции за форми на криминал
Анекс 3 на договор со одредби за надлежни органи за спроведување на договорот во РМ
Анекс 4 на договор со одредби за офицери за врска на РМ во Европол
Водејќи сметка за начинот на уредување на предметните елементи во законодавството на Република Македонија, во рамките на основите за водење на преговорите се утврдија основните прашаања за формите на соработка, во смисла на: размена на информации (класифицирани и некласифицирани), лични податоци, како и нивна соодветна заштита; размена на офицери за врска.
Во однос на делот на безбедност на клсифицирани информации, од страна на експертот од оваа област на Европол укажано е дека со оглед на склучениот Безбедносен аранжман помеѓу Република Мкаеоднија и ЕУ, нема потреба од посебна посета и контрола во РМ како што е вообичаена практика .
Во однос на прашањето за употребата на името во договорот,беше укажано дека при потпишувањето и ратификацијата на Договорот ќе биде применета формулата ‘размена на писма’, Беше нагласено дека ќе постојат два алтерната и тоа, во македонскиот алтернат - на македонски и англиски јазик, ќе биде наведено уставното име. Со оглед дела во англискиот алтернат и на македонски и на англиски јазик ќе се оперира со референцата, како веќе воспоставена практика помеѓу двата субјекта, беше предложено во духот на пријателската соработка со оваа организација, да биде пронајдена и некоја друга поприфатлива формула (contracting party ) за адресирање на нашата земја, со тоа што на почетокот е неопходно да се употреби рефернцата. Овој предлог беше прифатен од страна на Европол со напомена дека е потребно да биде одобрен и од страна на правната служба и Директорот на Европол и Управниот одбор.
Следните фази односно активности кои следат се:
Достава за мислење на договорениот текст до стратешките авторитети во МВР и другите органи надлежни за спроведување на договорот која е потребно да биде завршена до 15.01.2009 година
Достава на договорениот текст до Директорот на Европол
Достава на Финална верзија на договорот до Управниот одбор на Европол, и тоа за седницата на 03 или 04.02.2010
Достава на текстот на седница на Заедничкото надзорно тело, која се закажува ad hoc, односно нема точно утврден распоред на седници
По добивање на позитивно мислење од Заедничкото надзорно тело, повторна достава до Управниот одбор на Европол.
Од страна на Советот на ЕУ повторно се носи последната одлука за склучување на опертивниот договор како што беше случај и во постапката за донесување на одлука за започнување на преговори.
По добивање на известување од Европол ќе се премине кон достава и усвојување Информација од Владата на Република, со која ќе се овласти Министерот за внатрешни работи во име на Република Македонија да го потпише Договорот за соработка
Церемонија на Потпишување на Договорот која вообичаено е во земјите , односно во Република Македонија
Изработка на предлог - Закон за ратификација на Договорот за соработка и истиот ќе влезе во формална процедура на усвојување во Република Македонија;
По усвојувањето на Законот за ратификација на Договорот за соработка, Република Македонија со писмо го известува Европол, по што Договорот стапува на сила.