Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

05.12.2009
СВКПС и Омбудсманот во посета на ПС Велес

На ден 04.12.2009 год. раководителот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди Помошник на Министерот м-р Анета Станчевска заедно со Народниот Правобранител на Р.Македонија Иџет Мемети ја посетија Полициската станица од општа надлежност во Велес.

Цел на посетата беше вршење на проверка дали и во кој степен се имплементирани препораките на Народниот правобранител содржана во информација за состојбите во Полициски станици од јуни 2009 година.

Од извршениот увид во Полициската станица Велес заеднички е констатирано дека условите за престој на задржани лица се подобрени, а евиденциите за задржани лица се водат согласно стандардните оперативни процедури за повикани, приведени и задржани лица.

Во текот на контролата беше разговарано со задржано лице кое беше затекнато во една од просториите при што истиот појасни дека за време на престојот полициските службеници постапувале на хуман начин и му биле овозможени правата на задржани лица.

Со заедничката контрола на двата контролни механизми се покажа дека во континуитет се следат состојбите во полициските станици од аспект на почитување на основните човекови слободи и права, како и подобрување на материјалните состојби во просториите во кои престојуваат лицата од овој вид.

 

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk