Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

24.11.2009
Учество на стратешки семинар во однос на соработката меѓу Европол и трети земји

Во периодот 24-25.11.2009 година, во организација на Европол во Хаг, Кралство Холандија се одржа стратешки Семинар на тема “Соработката меѓу Европол и партнерските земји и организации”, на кој присуствуваа претставници од Одделението за Европол[1] при СМПС.

 

Семинарот се организираше по иницијатива на Хрватското Биро за врски при Европол по теркот на состаноците на HENU (HENU -Head of Europol National Units). HENU состаноците претставуваат форум за размена на информации, достава на иницијативи, проценки и евалуации, како и разгледување на оперативни и технички прашања во врска со соработката на земјите членки на ЕУ. Овој форум опфаќа одржување на редовни повеќегодишни состаноци на Началниците на Одделенија на Европол на земјите членки на ЕУ.

 

Со оглед на фактот дека бројот на трети земји и тела кои соработуваат со Европол е значително зголемен,  констатирана е потреба за нови политики на работа на Европол во кои ќе земат учество и земјите со договори за соработка со Европол. За таа цел предложена е можноста од организирање на состаноци на Началниците на Националните контакт точки за Европол партнерските земји, односно  трети земји и тела со кои Европол има склучено стратешки или оперативни договори за соработка.

 

Целта на овие состаноци е да се воспостави форум, на кој ќе бидат разгледувани и дискутирани сите отворени прашања во поглед на соработката со Европол, предлагање на начини за нивно разрешување, иницирање на активности за проширување и унапредување на соработката, размена на најдобри пракси и споделување на искуства во поглед на процесот на воспоставување на договорни односи со Европол, презентирање на конкретни случаи реализирани во соработка со Европол, но и други можности кои би биле дополнително дефинирани.

 

За сето наведено во рамки на Европол ќе функционира Секретаријат - орган кој би бил задолжен околу подготовката на состаноците во организациска и логистичка смисла, и до кој би се доставувале сите предлози и сугестии што би биле од интерес за учесниците за време на наредните состаноци.

 

Во тој контекст договорено е состаноците на Раководителите на националните контакт точки (HNCP - Head of National Contact Points) да се одржуваат еднаш годишно во ноември.  Исто така, договорено е да се одржуваат и ad hoc состаноци за земјите кои се наоѓаат во преодна фаза на уредување на договорните односи со Европол, меѓу стратешки и оперативен договор за соработка. Така, првиот состанок превидено е да се одржи во мај 2010 година во Европол.

 

Свое обраќање за време на Семинарот имаше и Директорот на Европол - Rob Wainwright. Тој ја поздрави инцијативата и даде поддршка заради континуитет во реализација на истата. Тој се осврна на неколкуте новини кои се однесуваат на Европол, како и ефектите кои тие ќе ги предизвикаат. Тука пред се, беше спомената Одлуката на Советот за воспоставување на Европол, потоа стапувањето во сила на Лисабонскиот договор кој исто така ќе има одредено влијание на Европол во поглед на начинот на одлучување (квалификувано 2/3 мнозинство), беше претставена усвоената Стратегија за развој на Европол за периодот 2010-2014 година. [2]

 

Во своето излагање Директорот на Европол се осврна и на соработката со партнерските земји и меѓународни организации, со кои Европол има склучено договори за соработка. Притоа, беше потенцирано дека соработката со нив е од суштинско значење и дава огромен придонес во борбата против организираниот криминал.

 

Во понатамошниот дел од Семинарот беа опфатени и следните содржини: Продукти и услуги на Одделот за сериозен криминал; Стратегии за управување со информации, вклучително и поддршка за поврзување; Размената на информации со трети страни; Процедурите за склучување на договори за соработка; Оперативна поддршка која ја дава Европол од аспект на трети земји; можноста за користење на подвижните канцеларии на Европол - презентирање на конкретни примери; Заштитата на лични податоци и доверливост; искуство на Колумбија во имплементација на Стратешки договор; и работа на конкретни случаи во рамки на работното досие за анализа за синтетички дроги AWF Synergy.

 

Во рамки на Програмата се реализираше и посета на лабораторија за дроги и фалсификување евра, како и посета на посета на Биро за врски на земја на ниво на Оперативен договор.

 

Од страна на Началникот на Одделението за Европол од МВР на РМ во текот на семинарот беше презентирана состојбата во однос на соработката помеѓу Република Македонија и Европол во поглед на реализираните постигнувања. Притоа беше споменато дека Република Македонија се наоѓа во фаза на отпочнување на преговори за потпишување на Оперативен договор, за што во средината на декември 2009 година ќе се одржи билатерален состанок во седиштето на Европол, на кој ќе бидат усогласени ставовите по однос на Модел - Договорот. Вредно е да се истакне дека Република Македонија значително предничи во соработката со Европол во однос на земјите од Западен Балкан.

 

Од страна на сите присутни заеднички беше констатирано дека иницијативата има иднина и позитивни изгледи да заживее на начин, кој што ќе овозможи инволвираните страни да се стекнат со взаемна корист, во насока на унапредување на соработката и размената на информации, со единствена цел - ефикасна борба против сериозниот и организираниот криминал.



[1] Началникот на Одделението за Европол - Билјана Чадиковска Тунтева и Офицерот за врска со Европол - Вукашин Мановски

[2] Со Страегијата Европол станува главен центар за поддршка на операциите на органите надлежни за спроведување на законот на ниво на ЕУ; средиште за прибирање, чување и разменување на криминални информации на ниво на ЕУ;  центар за експертиза за спроведување на законот на ниво на ЕУ.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk