Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

10.11.2009
МВР го откри третиот сериски убиец во Македонија - Виктор Kарамарков од Скопје Скопје, 9 ноември (МИ

Скопје, 9 ноември (МИА) - Дваесет и осумгодишниот Виктор Карамарков од Скопје е третиот сериски убиец во Македонија, кој бил високо интелигентен, го читал Достоевски и бил првенец на генерација во средното „ГУЦ“.

Карамарков се наоѓа во затворот во „Идризово“, а МВР во текот на денот ќе поднесе кривична пријава за четири убиства и пријава за три обиди за убиство.

На денешната прес - конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јнакулоска, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски и инспектори кои учествувале во пронаоѓањето на серискиот убиец, информира дека Карамарков, со судска наредба, во „Идризово“ е под посебен третман, со оглед на тоа што бил склон на самоубиство.

Карамарков убивал од користољубие, со секира и без претходен план и шема за убиствата. Како што изјавил, губел контрола кога на стариците, од кои барал пари за лекување на неговата болна мајка, ќе го видел златниот накит што го носеле.

По последното убиство на 25 минатиот месец бил во црквата во скопската населба Ѓорче Петров, се исповедал, како и секој пат по извршено убиство, и решил да се самоубие бидејќи не можел да се соочи со психолошкиот притисок

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk