Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

30.10.2009
Сериски убиец го демне Скопје?

А1

 

Сериски убиец го демне Скопје?

Со остар предмет во глава - жртви средовечни жени. Кој убива изнемоштени старици кои живеат сами.

Последната жртва е најдена вчера 66-годишната Елена Минева е убиена во нејзиниот дом во Бутел, два дена од неа немало ни трага ни глас, соседите пријавиле во полиција, телото на жената полицајци го пронашле во ходникот. Кој влегол преку незаклучената врата во куќата, и со неколку удари во главата ја убил треба да расветли полицијата.

Според извори од истрагата откако ладнокрвно ја усмртил убиецот излегол од куќата надвор и пред да избега најверојатно со оригинален клуч или друг алат ја заклучил влезната врата. Соседите не го приметиле.

„Се е отворено дома. Не заклучувам немам проблеми, што се случува овде незнам. На крајот на оваа улица живеам, не сум приметил ништо“, вели сосед на убиената.

Има ли сериски убиец во Скопје кој демне средовечни жени? Минева за девет месеци е трета жртва на непознат убиец кој убива со удари во главата. На сличен начин незабележливо влегува во домовите, го врши злосторството, а потоа жртвите ги заклучува однадвор.

Пред неколку дена семејството Богоеви се прости од 73-годишната Вера Богоева. Син и ја пронашол во локва крв и повреди на главата пред петнаесетина дена во станот во Аеродром. На клиниката до почетокот на неделата се бореа за нејзиниот живот, не се разбуди од кома.

Во март годинава со удари во главата беше убиена на 83-годишната Лидија Христовска. Живееше сама во скопски Бутел. Крим техничарите во случаите не пронајдоа траги на разбојништво. Од полицијата велат дека се уште е рано да ги поврзат убиствата и да дефинираат дали станува збор за сериски убиец, но потврдуваат дека начинот на извршување на злосторството е слично.

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk