ВЕЧЕР
Конечно сите го видоа Зоран Азманов во вистинско светло во судницата:
Се признавам! Ништо не признавам! И обратно!
Основал фирми, ама не ги основал. Бил директор, ама не бил директор. Потпишувал, ама не потпишувал. Ги познава луѓето, ама никогаш во живот не ги видел. Дал пари, а можеби и не. Му ги вратиле, а можеби и не. Вака изгледаше испрашувањето на Зоран Азманов за случајот Изгрев. Конечно сите го видоа во неговото вистинско светло. Прво се призна, потоа се демантираше, и обратно
По втор пат сведокот Зоран Азманов се јави во судницата за случајот Изгрев, овој пат одговарајќи на прашања на бранителите и обвинетите. Во неколкучасовното испрашување Азманов на клучните прашања одговараше со не знам, дека посочените документи биле фотокопија и дека потписите на документите можеби биле негови, а можеби не. Сведокот говореше дека кога била формирана Настел - Скопје имала бугарски основач Настел Петрич, а управител во Скопје бил Љупчо Поп Јорданов се до минатата година. Азманов негираше дека некогаш бил управител на Настел дооел Скопје. Сведокот неодлучно одговараше кога бранителот на Миладинов, Драган Гоџо, кој посочи купопродажен договор за купување на недвижен имот во декември 2004 година и раскинување на договор, на 10 јануари 2005 година.
Тој одговори дека знае оти договорите се потпишуваат во суд или на нотар и дека овој не бил валиден, оти никаде не бил заверен, па затоа договорот за него бил неважечки. Азманов се оградуваше и на прашањата за давање позајмици и тврдеше дека тоа се правело исклучиво за сестрински и фирми ќерки. Тој за договорите за купопродажба на недвижен имот и раскинување на договорот рече дека не било важно кој потпишувал договори, но дека битно му било да му бидат вратени парите, но затоа со сигурност одговори дека не заработил ништо. Азманов во судницата не можеше да ја посочи обвинетата Гордана Петковска, поранешен управител на Миладинов доо кога му беше поставено прашање зошто во договорот од 10 јануари 2005 година помеѓу Настел Петрич во кој Азманов бил продавач и Миладинов имало точка 2 во кој купувачот на продавачот требало да му плати банкарска провизија. Азманов вели дека имал само договор во кој се содржела точка два на кој имало негов потпис, а за другиот договор се огради велејќи дека е негов потпис но не е сигурен дали го потпишал документот. Азманов со сигурност одговори дека тој е еден од сопствениците на Настел во Петрич, вели дека се двајца а за другиот не знае, рече некое лице од Бугарија, а не одговори ниту пак колкав бил соодносот, оти тоа не било битно. Настел според Азманов не повел никаква прекршочна постапка кон други фирми оти битно му било да му бидат вратени парите. На прашања кој бил во УО во Гоце Делчев во 2007 година, Азманов вели дека бил Арсо Јаневски, Јорданов, Димитар Савовски и др., тој бил претседател но и тоа не било од важност оти тој одбор никогаш не профункционирал.
И на прашањата на адвокат Серјожа Марков дали Настел Скопје и Настел од Бугарија имале управувачка поврзаност со Свискредит од Лихтенштајн и Алштад од Виена и дали фирмите имаат одобрение од Народните банки во матичните држави да даваат позајмици, Азманов делумно одговори оти обвинитеството приговараше, а кредитите се давале на сестрински и ќерки фирми. Според Азманов Еуросвискредит е основач на Настел и ХСПИ, но двете не биле оснивачи на Гоце Делчев. На сведокот му беше посочен исказ од Марјан Наков, кој вели дека Настел само формално влегол во Миладинов, но Азманов и овој пат рече дека нему исклучило му било важно со парите од позајмиците да се купи хотелот, да се добие имотен лист, а откако го добиле тоа бил заинтересиран само да му се вратат парите. Дали има писмен договор меѓу содружниците во врска со позајмиците од 50 милиони денари, Азманов одговори дека нема написмено туку само усно. На Азманов ниту му било познато колкава била активата, пасивата во Миладинов доо и колку била добивката кога Настел бил доминантен, оти не прашал. Тој рече дека не бил информиран и дури кога било инвестирано во хотелите Изгрев и Бисер. На почетокот на претресот по приговорот на записникот од минатото рочиште адвокат Марков заработи казна од 1000 евра