Согласно обврските од одредбите на Законот за спречување на корупција за пријавување на движниот и недвижниот имот од страна на вработените во МВР, како и од изготвениот Правилник за начинот на постапување со анкетните листови на службени лица од страна на министерството:
- анкетниот лист е должно да го пополни секое лице при неговото вработување во МВР;
- доколку дојде до промени во имотната состојба на вработенот во текот на работниот однос, тој е должен со пополнување на пријава како дополнување на анкетниот лист, да ја пријави промената на неговата имотна состојба;
- при престанокот на вработувањето вработениот е должен да пополни и достави анкетен лист, којшто се задржува со претходно доставениот анкетен лист.
За исполнување на оваа законска обврска која е во фаза на реализација во рамките на министерството е задолжен Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, организациона единица надлежна за спроведување на постапката со анкетните листови. Инаку, согласно Правилникот, по пополнувањето на анкетниот лист, вработениот треба во затворен коверт, си испишано име и презиме на него да го предаде истиот заради негово евидентирање. Притоа задолжително, на горниот лев агол од ковертот, вработениот треба да стави ознака “не отварај-анкетен лист“. Доколку вработениот анкетниот лист го доставува преку пошта, истиот се става во друг адресиран коверт.
Во интерес на поголема ефикасност и рационалност за завршување на оваа постапка раководителите на организационите единиц треба да ги достават пополнетите анкетни листови до СВКПС, со точна евидениција за тоа колку од вработените ги пополниле анкетните листови, и за бројот на вработени коишто поради различни причини (боледување, годишен одмор, службено патување и слично) не успеале да ги пополнат истите во предвидените рокови. Но во моментот на создавање на услови оние коишто не ги пополниле анкетните листови мора веднаш да го сторат истото и во пропишаната постапка да ги достават до СВКПС заради евиденција. Од своја страна СВКПС е должен за лицата коишто не пополниле анкетен лист да достават известување до Државната комисија за спречување на корупција за поведување постапка за испитување на имотната состојба согласно одредбите од Законот за спречување корупција.
Копија од анкетниот лист која што треба да се пополни можете да ја симнете со кликнување на веќе поставениот банер од десната страна на веб страницата.