ИЗВАДОК
Од ЗБСП (Сл. Весник 54/07 од 03.05.2007 год.) и Законот за измени и дополнување на ЗБСП (Сл. Весник 64/09 од 22.05.2009 год.)
ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ
Член 2 став1 точка 95
Извадок од ЗБСП каде што се дефинира кога полицијата е должна да врши увид на сообраќајна незгода, а кога граѓаните-учесници во незгодата СЕ ДОЛЖНИ да ги отстранат возилата и да пополнат "ЕВРОПСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА".
"Мала материјална штета во сообраќајна незгода" е штета настаната на објекти и на возила на кои
не им се оштетени виталните делови за управување и запирање, а возилата можат самостојно да се
движат по патот.
Член 225
Возачите – учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, се должни веднаш да ги отстранат возилата од коловозот, да овозможат непречено одвивање на сообраќајот и да го пополнат и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода.
Европскиот извештај за сообраќајна незгода не се пополнува и потпишува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени или загинати лица односно настанала голема материјална штета.
Европскиот извештај за сообраќајна незгода од ставот (1) на овој член го прави достапен за учесниците во сообраќајот Националното биро за осигурување на Република Македонија.
Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот – учесник во сообраќајна незгода кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Член 226
Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случаи, кога:
едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано,
едно од возилата има странска регистарска таблица,
еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции,
еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола,
еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци, односно податоците за возилото или
еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода.