По повод одигрувањето на меѓународниот пријателски фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Република Македонија и Шпанија,на 12.08.2009 година,среда,со почеток во 21,30 часот,на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, а заради непречено и безбедно одржување на истиот,попречување и спречување на секаков вид на казниви и девијантни поведенија и спречување на било какво загрозување на безбедносната состојба Министерството за внатрешни работи превзема плански мерки и активности за физичко и сообраќајно обезбедување, кои интензивно ќе се спроведат во наредните три дена на подрачјето на градот, кои освен на националната арена и местото каде ќе биде сместена гостинската репрезентација, ќе се спроведат и на сите оние места и сообраќајници каде ќе има собирање и движење на заинтересираните посетители и гости.
Во тој поглед, на денот на одигрувањето на натпреварот,на булеварите. „Илинден“,„. и „Свети Климент Охридски“, потоа улиците „Ленинова“,„Јордан Хаџи Константинов Џинот“, и „Наум Наумовски Борче“,сообраќајот ќе се одвива со посебен режим,а паркирање на моторните возила ќе биде дозволено на паркингот на АМД„Водно“и на улиците помеѓу бул.„Илинден“ и бул.„Партизански Одреди“.
Сите мерки ќе бидат превземни и спроведени од страна на доволен број ангажирани работници на полиција и други овластени службени лица, заради остварување на потполна ефикасност во извршувањето на планираните задачи.