Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

25.08.2009
Презентирана новата постапка за плаќање на таксена марка

Денес (25.08) во  13,30 часот, во просториите на СВР – Скопје во зградата на Македонска Телевизија, Министерот за информатичко општество Иво Иванов и Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска,  одржаа прес конференција, на која покрај пресот презентирана беше и постапката за плаќање на таксена марка преку СМС порака.

 

Заради   квалитетен   и   брз   одговор   на   граѓанските   потреби   и   барања- Министерство   за   информатичко   општество   го   проведува   проектот   за воведување   можност   за   електронско   плаќање   (преку   мобилен,   контакт центри, веб портал на услугите што ги даваат владините институции, со што ќе ја елиминираме потребата од посета низ банките и поштите за да се изврши плаќање, како и потребата од купување таксени марки.

 

Како пилот проект, прва услуга за која ќе биде овозможено плаќањето на административни такси да може да се врши преку мобилен телефон, е услугата на Министерстзо за внатрешни работи- издавање на патни исправи, возачка дозвола.

 

Во врска со тоа постигнати се договори  со З - те мобилни оператори во Република Македонија, така што претплатниците на било кој од мобилните оператори ќе може да изврши плаќање.

Притоа, за почеток  услугата плаќање  за таксени марки преку СМС пораки ја воведуваме како услуга на СВР Скопје. Постепено, секоја од подрачните единици ќе ги прилагоди системите и ќе прима електронски плаќања.

Сигурни сме дека оваа пракса ќе се покаже како успешна, после што, покрај плаќањето на таксени марки, ќе понудиме можност за граѓаните и останатите административни давачки кон државата да ги плаќаат по електронски пат, како преку телефон, така и преку интернет.

 

Процедурата за плаќање на таксена марка е следна:

Лицето кое сака да изврши наплата за одреден административен трошок преку СМС порака, погребно е да испрати СМС порака на бројот 144 166 со префикс на мобилен оператор. Пораката има строго дефинирана содржина и тоа <коден збор> <име> <презиме> <сума> до која што корисниците треба да се придржуваат. Кодните зборови ќе бидат објавени на шалтерите на МВР.

 

Доколку корисникст не испрати СМС порака со точно  определената содржина, истата нема да се обработи и наплатата нема да биде реализирана.

 

 Доколку уплатата била успешна со СМС пораката ќе биде приложен и трзнсакцискиот број. Овој трансакциски број корисникот треба да го сочува и приложи на шаптер при поднесување барање за конкретна услуга.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk