Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

14.08.2009
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Д.Д.(52)

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Д.Д.(52), виш инспектор во увидна екипа при Одделението за криминалистичка техника во СВР Тетово за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“. Во февруари 2009 година, пријавениот при вршење контрола на исправноста на записник  за увид на лице место за случена сообраќајна незгода, во рубриката од записникот со коректор го избришал текстот „комплет од крв и урина“ и не ги внел податоците од извршената анализа на примероци од крв и урина, од Одделот за крим-техника при МВР, каде е констатирано дека кај возачот е утврдено присуство на   алкохол во крвта и во урината. И покрај тоа што за овој податок знаел и бил должен да го внесе во записникот пред истиот да го процесуира во понатамошна постапка, а со цел возачот на ПМВ да оствари материјална корист со оглед на фактот дека како сопатници во возилото во сообраќајната незгода учествувале лица кои се здобиле со тешки телесни повреди.

 

 

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Е.М.(28), полициски службеник во ПС Гостивар и Ј.Н.(30), полициски службеник во ПС за БПС Гостивар за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 03/04.08.2009 година, околу 00,30 часот, на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид, извршувајќи работни задачи од областа на безбедноста на патниот сообраќај, пријавените спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, за констатиран сообраќаен прекршок и неносење соодветна документација за идентификување од две лица побарале и зеле 9.000 денари, без да изготват платен налог заради наплата на глоба предвидена за прекршокот.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk