Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

05.08.2009
Годинава во сообраќајки загинаа 78 лица

Утрински весник

Годинава во сообраќајки загинаа 78 лица

 

Причини се пребрзо возење, непочитување предност, преминување, алкохолот... 

Вкупно 78 лица го изгубија животот во сообраќајни незгоди што од почетокот на годината се случија на патиштата низ земјава. Во МВР велат дека бројката на сообраќајки е зголемена во однос на 2008 година. Во првите седум месеци и неколкуте дена од август во земјава се случиле повеќе од 2.000 сообраќајни незгоди, во кои со повреди се здобиле над 3.000 лица. Само изминатиот викенд се случија неколку катастрофални судири, во кои три лица го загубија животот, а десетина се повредени.

Најмногу сообраќајки имало во населените места, а најчесто се случувале меѓусебни судири на возила во движење, удари на возила во пешаци, излетување на возила од пат или, пак, возилата удирале во објекти покрај патот.

Според полициската статистика, најлоши денови за возачите се вторник и петок, кога се случиле најголем број несреќи. Најмногу незгоди се случуваат попладне, а најмалку ноќе.

Најчеста причина за незгодите со жртви било пребрзото возење, непочитување предност на минување, непрописно свртување, недржење прописна страна, непрописно преминување и управување под дејство на алкохол.

Во сообраќајните незгоди меѓу настраданите најмногу се возачите на патнички возила, а голем е бројот и на прегазените пешаци.

Според статистиката на Националниот совет за безбедност на патиштата, во 2007 година, во земјава во сообраќајни незгоди животот го изгубиле 199 лица. Наредната година бројката е забележително намалена. Националниот совет изготви стратегија што до 2014 година треба да резултира со намалување на бројот на сообраќајните незгоди за 50 проценти. (Г.А.)

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk