Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

24.07.2009
Извршена контроли на наплатните станици „Романовце" и „Глумово",

На 17.07.2009 година, во периодот од 16,00 до 19,00 часот, од страна на вработени во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди е извршена контрола на наплатните станици „Романовци" и „Глумово", со цел откривање на злоупотреба на службени легитимации и поминување на наплатни станици на вработени во МВР со приватни возила, без при тоа да бидат подмирени трошоците согласно Законот за јавни патишта.

 

За време на контролата без да платат патарина поминаа 41 возило. Меѓу возачите прекршители не беа евидентирани вработени лица во МВР кои ја злоупотребуваат службената легитимација за одбегнување на плаќање на надомест за патарина, ниту пак се откриени други лица  вработени во државни или јавни институции во Републикава. Сите  возачи кои не платија патарина се граѓани, кои искористиле згодна прилика за поминување на отворена рампа на наплатните станици или користеле разни видови картички за поминување без да платат патарина.

На сите возачи кои ги поминаа наплатните станици, без да платат патарина, им беше издаден налог за наплата на глоба за сторени прекршоци по член 58, 79 и 80  од  Законот за јавни патишта.

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk