Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

24.07.2009
Наместо сообраќајна казна си “наплатиле“ вечера

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство во Скопје  поднесе кривична пријава против  Б.А. (26)  и  К. Ѓ (29), полициски службеници во ПС Кисела Вода,  за  сторено кривично дело „3лоупотреба на службената положба и овластување",  предвидено и казниво по член 353 став 1  од Кривичниот законик на Република Македонија.    

Пријавените на 19.07.2009 година, околу 17,00 часот, на ул „Милан Мијалковиќ“,  од такси возач  во „Пулс комерц“, кој бил паркиран со такси возило ПМВ  „Мерцедес 190“, му  побарале документите за возилото од оштетениот, а откако им биле дадени  на увид возачката дозвола, личната карта и  наредбата за исклучување на возилото од сообраќај, што ја имал кај себе, а му била издадена од порано од униформирани полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, истиот, за да не му пишат казна од 1500 евра за сторен сообраќаен прекршок, а заради немање лиценца за работа како такси возач, првопријавениот побарал од оштетениот да појдат во угостителскиот објект „Бистро“ што се наоѓал на 100 метри подоле и да  порача храна за двајцата полициски службеници. По пристигнувањето во угостителскиот објект, второпријавениот, останал во возилото, додека првопријавениот заедно со оштетениот влегол во објектот и на вработениот му нарачал храна оштетениот требало да плати  860 денари. Бидејки, истиот  немал доволно пари, платил 600 денари.  По ова, оштетениот го напуштил објектот и случајот го пријавил  во ДЦС на тел.број 192, а првопријавениот ја сменил нарачката на вработениот, која овојпат изнесувала 580 денари и по половина час двајцата полициски службеници се вратиле во угостителскиот објект за да јадат.

Покрај кривичната пријава за истите, од  страна на СВКПС се изречени  задолжителни мерки до непосредниот старешина, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР да  покрене соодветна постапка пред надлежната Комисија за отказ, а до донесување на одлуката на Комисијата,  со писмена одлука да бидат оддалечени од работното место и од Министерството.


Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk