Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

24.07.2009
Полицаец во пијана состојба пукал во кафеана

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство во Гостивар  поднесе кривична пријава против  Б.Ќ. (27), од Тетово, полициски службеник во СВР Тетово  за  сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 од КЗ на РМ.

Пријавениот, на 16.04.2009 година,  околу 02,30 часот, во угостителски објект „Линда Експорт 2“ во с.Чегране, Гостиварско, бил заедно со двајца колеги, сите тројца вработени во СВР Тетово каде конзумирале алкохолни пијалоци. Поради недолично однесување (кршење на чаши и шишиња) и провоцирање на останатите гости, од сопственикот на локалот биле замолени истите да го напуштат објектот, по што настанала вербалната расправија. Во еден момент, пријавениот станал од столица  го извадил службениот пиштол и го вперил кон еден од келнерите, а друг вработен во објектот му ја фатил раката на пријавениот во која го држел пиштолот и му ја свиткал во правец на таванот, при што во еден момент пријавениот се повлекол наназад и испукал еден куршум кој завршил во таванот.

Извршен е увид на  место на настанот, каде е пронајдена  една чаура која заедно со пиштолот од пријавениот и фолијата за барутен тест земен од пријавениот се испратени и е извршено вештачење во ОКТ на МВР.

Покрај кривичната пријава, протов Б.Ќ., од страна на СВКПС е  изречена и задолжителна мерка до непосредниот старешина, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР да  покрене постапка за утврдување на одговорност. Задолжителна мерка е изречена и против еден колега кој бил со него во угостителскиот објект, а кој постапил спротивно на подзаконските акти и за време на вршење на служба, самоволно без да ги извести претпоставените  го напуштил подрачјето на ПС Тетово и заминал во с. Чегране, Гостиварско, каде  и се довел во алкохолизирана состојба.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk