07.07.2009
Мартин Крутнер,директор на Бирото за внатрешни истраги при австриската полиција во посета на МВР
На почетокот на месецов (06/07.07) во работна посета на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР престојуваше Мартин Крутнер – Директор на BIA (Биро за внатрешни истраги) од Република Австрија.
Притоа, г-динот Крутнер и помошник на министерот за СВКПС, м-р Анета Станчевска, меѓудругото, разговараа и за зачленување на Република Македонија во ЕПАК (Европски партнери за борба против корупцијата) со статус на придружна земја членка, како и за обуката на вработените од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.
Исто така, Крутнер заедно со Станчевска остварија средба со министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска при што беше договорена интензивирана соработка на полето на борбата против корупцијата.

Назад