Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

12.07.2009
Неделен билтен на секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се десет решенија против десет вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 134 став 1 точка 7 од Колективниот договор на МВР.  

На осум вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 7, а се работи за :

С.К., командир на ДОЦ при РЦ за ГР „Запад“, изреченa му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци (недолично се однесувал со началникот на Регионалниот центар);

Н.С., виш инспектор во СВР Тетово, Р.О. и З.Ф., полициски службеници во полициско одделение при СВР Тетово, изречени им се парични казни во износ од 10% од месечните плати во наредните три месеци (спиеле на работното место) и

Ф.О., С.Ш., С.Д. и В.В., полициски службеници во полициска станица при РЦ за ГР „Север“, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечните плати во наредните шест месеци (пропуштиле лице да оствари излез, без да утврди дека лицата престојувале во државата повеќе од законскиот предвидениот рок од 60 дена).

Во два случаи од страна на Министерството се донесени решенија со кои постапките покренати против вработените И.К., водич на безбедносен реон во полициско одделение при СВР Куманово и Џ.Т., помошник началник при СВР Битола, се запираат, бидејќи е констатирано дека нема повреда на член од Колективниот договор.
Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk