Bо рамките на континуираните активности на Министерството за внатрешни работи за спроведување на Законот за јавна чистота, од започнувањето на овие активности на 22.09. минатата година па се до 08.00 часот на 03. 07. 2009 година, издадени се вкупно 30.019 платни налози, при што на вкупно 13.342 граѓани, на нивно барање, и беа издадени записници за општокорисна работа. Според статистичките показатели, во изминативе нешто повеќе од девет месеци, од вкупниот број на прекршители околу 90 отсто се сторители на возраст над 18 години, додека пак прекршоците во најголем дел се извршени на јавна површина, односно 29.468 прекршоци. Во текот на овој период прекршочни санкции се изречени и против 195 правни лица, најчесто за фрлање и оставење на отпадоци од градежен материјал, превоз на песок и слични материјали без претходна подготовка и нивна заштита, мешање на бетон и малтер надвор од места определени од општината и сл.
Поединечно, по подрачја на организационите единици, статистиката за идадени платни налози е следна: најмногу на подрачјето на СВР Скопје – 11.503 платни налози; потоа следи СВР Велес – 3.241 платни налози; СВР Штип – 2.982 платни налози; СВР Струмица – 2.781 платни налози; СВР Тетово – 2.552 платни налози; СВР Охрид – 2.497 платни налози; СВР Куманово – 1.781 платни налози; СВР Битола – 1.677 платни налози; РЦ “ИСТОК“ - 353 платни налози; РЦ “ЗАПАД“ – 68 платни налози; РЦ “ЈУГ“ – 274 платни налози; РЦ “СЕВЕР“ – 203 платни налози; Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај на автопат ДEМИР КАПИЈА – 62, Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај на автопат ТЕТОВО - 39 и Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај на автопат ПЕТРОВЕЦ - 6 платни налози.
Врз основа на направените согледувања, најголем дел од откриените прекршоци се согласно член 31 в.в. со член 14, а се однесуваат на следните недозволени активности:
- фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал (градежен шут) - 11.066
- фрлање и оставање на хартија, опушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и други отпадоци освен на местата определени за таа намена - 5.195
- паркирање на возила на растојание до десет метри од контејнер и други садови за собирање смет и оставање на товарни возила освен на места определени за таа намен - 3.601
- продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи - 3.267
(по член 34 в.в. со член 19) фрлање и оставање на смет на отворени простори на јавни објекти надвор од места определени за ваква намена – 452
Инаку, освен издавање на платни налози, Министерството за внатрешни работи веќе отпочна и со поднесување на барања за поведување прекршочна постапка против лицата кои во предвидениот законски рок (8 дена) не ги платиле платните налози. Досега, по Законот за јавна чистота се поднесени 8.782 барања за поведување на прекршочна постапка, од кои на подрачјето на Струмица – 1.278, Штип – 1.419, Скопје – 1.907, Велес - 917, Тетово – 1.378, Охрид – 655, Куманово – 540, Битола – 529, Регионален центар Исток – 54, Регионален центар Север – 57, Регионален центар Југ – 23, Единица за безбедност на патниот сообраќај на автопат ДЕМИР КАПИЈА – 18 и Регионален центар Запад - 7 барања.
Исто така, поднесени вкупно 17 барања за поведување на прекршочна постапка против 17 правни лица, од кои на подрачје на СВР Штип – 13 и на подрачје на СВР Скопје – четири барања. Покрај ова, единицата за безбедност на патниот сообраќај на автопат ДЕМИР КАПИЈА досега има поднесено и 56 барања за поведување на прекршочна постапка по Законот за управување со отпад и единицата за безбедност на патниот сообраќај на автопат ТЕТОВО досега има поднесено и 2 барања.