Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

07.07.2009 Учество на работилница за Европол во Црна Гора
Размена на искуства и најдобри практики

Во периодот 01/03.07.2009 година,  Началникот на Одделението за Европол при Секторот за меѓународна полициска соработка учествуваше на Работилница за подигање на свесноста и согледување на недостатоци во однос на соработката со Европол во Будва, Црна Гора, на којa учествуваа преставници од повеќе институции и служби за спроведување на законот од Црна Гора, како МВР, Царинска Управа, Управа за спречување на перење пари, Јавно обвинителство, Дирекција за заштита на тајни податоци.

 

Спроведувањето на наведената активност е предвидена со Програмите за обука на Европол за 2009 година на земјите со кои ЕВРОПОЛ има склучено договори за соработка, меѓу кои и земјите од Западен Балкан. Ваква работилница беше за прв пат организирана во Република Македонија (септември 2008 ), потоа во Албанија и во Србија (јуни 2009) а оваа беше четврта  работилница за надлежните институции во Црна Гора. Следат Работилници во Босна и Херцеговина, Турција и Молдавија како земји со потпишани договори за соработка со Европол.

 

И оваа Работилница, согласно претходно создадените програми за Работилницата за Република Македонија, структурно беше организирана во три работни дена, со посебна определена тематска област.

 

Првиот ден од страна на експертите од Европол беа презентирани општи информации за правната основа, мисијата, продуктите и услугите, како и за организацијата на Европол. Понатаму од нивна страна беше елабориран Идеален модел на Национална контакт точка и Иделен модел на ИЛЕЦУС . Во текот на Првиот работен ден свое излагање имаше и Началникот на НЦБ Интерпол Подгорица како контакт точка за соработка со Европол и Црна Гора, како и Началникот на Одделението за Европол во Република Македонија.

 

Со оглед дека Република Македонија предничи на планот на имплементацијата на договорот со Европол, искуствата на овој план беа од интерес и за МВР на Црна Гора, од каде и беше доставена покана за учество на семинар за Европол во Црна Гора како предавач за Началникот на Одделение за Европол при СМПС.  Тема на предавањето на Началникот на Одделението за Европол  беше  презентација на напредокот на Република Македонија во имплеметација на Стратегискиот договор за соработка со Европол и преземените активности за започнување на преговори за потпишување на оперативен договор со Европол. Во презентацијата беше опфатена организациската поставеност на Секторот за меѓународна полициска соработка, а во тие рамки и на Одделението за Европол, како Национална контакт точка за соработка со Европол, правната основа за соработка со Европол, преземените активноти за имплеметација Акцискиот план за имплементација на Стратешкиот договор за соработка и презентација за другите преземените активности во Република Македонија за интензивирање на соработката со ЕВРОПОЛ во делот на реализиација на Планот за идни активноти.

 

Во текот на вториот работен ден преку развивање на четири одделни сценарија беа разгледани прашањата во врска со:

придонесот и употребата на стратешките анализи за процените од закани на ЕВРОПОЛ;

начинот на размена на информации помеѓу ЕВРОПОЛ и трети земји,

придонесот во Аналитичките работни досиеја (Analytical Work Files – AWF`s) на ЕВРОПОЛ од страна на трети земји,

како и учество на настани организирани од ЕВРОПОЛ.

 

По излагањата на експертите од Европол, началникот на Одделението за Европол од МВР на РМ говореше за искуствата во Република Македонија во однос на сите сценарија. Од особено значење за МВР на Црна Гора беше искуството на земја со ист правен основ за соработка односно склучен стратешки договор , иако беше потенцирано од експертите од Европол дека Република Македонија е пред потпишување на оперативен договор.

 

Третиот работен ден беше наменет и искористен за објаснување на недостатоците во соработката со Црна Гора детектирани  од Европол и за начинот за подготовка на документ План за идни насоки за делување и постапување заради интензивирање на соработката со ЕВРОПОЛ и Црна Гора, таканаречен ROAD MAP. Од страна на Началникот на Одделението за Европол, беа презенирани искуствата на Република Македонија во врска со потпишаниот усогласен и прифатен План при официјалната работна посета на Министерството за внатрешни работи на Директорот на Европол, во октомври 2008 кој веќе делумно  е реализиран .

 

На крајот од страна на сите присутни беше констатирано дека Работилницата ги даде очекуваните резултати, овозможи размена и стекнување со нови корисни информации, јакнење на меѓуресорската соработка, подигање на свесноста за Европол како организација вклучена во борбата против организираниот криминал, но исто така превиде идни активности за постапување.

 

При тоа од страна на експертите од Европол, како и од преставниците од сите институции од Црна Гора беше потенцирана потреба од учество на вакви семинари со свои презентации за преставници од земји кои се на исто ниво на соработка со организаторите, заради полесно разбирање на начинот на соработка.

 

Во текот на Работилницата од страна на  преставникот од МВР на РМ беа разменети искуства со експертите од Европол и со преставниците од  институциите од Црна Гора. Предложена  е можност за организирање на нови работилници во Македонија со помош на  TAIEX инструментот за техничка помош на ЕУ  во делот на Аналитичките работни досиеја, како и  ИТ областа за надлежните органи во Република Македонија. Воедно, поздравена е согласноста од стратешки постевните тела за учество во некој од Аналитичките работни досиеја преку Словенија, до потпишување на оперативен договор. 

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk