Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

28.06.2009
Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

- Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

 

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се единаесет решенија против единаесет вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 133 став 1 точка 1 и 7 и член 134 став 1 точка 1, 4, 7 и 8 од Колективниот договор на МВР.  

 

- На двајца вработени изречен им е отказ на договорот за вработување, заради сторени повреди согласно одредбите по член 134 став 1 точка 1 и 7 од Колективниот договор на МВР, а се работи за :

А.И., полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид, (неоправдано отсуствувал од работа три последователни дена) и

 

С.Б., полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, (извршил кривично дело „измама“ за што е поднесена и кривична пријава против истиот).

 

На девет вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 133 став 1 точка 1 и 7 и член 134 став 1 точка  4, 7 и 8 а се работи за :

 

Ч.С., самостоен техничар при СВР Куманово, изреченa му е еднократна парична казна во износ од 10% од месечната плата (го напуштил работното место);

 

М.Р., полициски службеник во полициско одделение при СВР Тетово, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (возел нерегистрирано возило и не дозволил да му биде извршена контрола од страна на полициски службеници);

 

Н.Л., полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, изречана му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните четири месеци (му го украле службениот пиштол);

 

М.С., командир на полициско одделение при СВР Штип,  изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните два месеци (издал наредба да не се врши увид на сообраќајна незгода);

 

М.Ј., полициски службеник во полициско одделение при СВР Тетово, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (ја поминал наплатната рампа со службена легитимација);

 

Ф.Ф. и Н.Р., полициски службеници во полициска станица при РЦ за ГР „Север“, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечните плати во наредните два месеци (не втиснале печат на патна исправа за влез во Р Македонија) и

 

И.П. и М.Ј., полициски службеници во полициска станица при СВР Штип, изречени им се парични казни во износ од 10% од месечните плати во наредните три месеци (биле под дејство на алкохол за време на работа).

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk