- Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се осум решенија против осум вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 133 став 1 точка 1 и член 134 став 1 точка 1, 4 и 7 од Колективниот договор на МВР.
На вработениот У.Г., полициски службеник во СВР Скопје изречен му е отказ на договорот за вработување, заради сторени повреди согласно одребите по член 134 став 1 точка 1 од Колективниот договор (неоправдано изостанал од работа три последователни дена).
На шест вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 133 став 1 точка 1 и член 134 став 1 точка 4 и 7, а се работи за :
С.А., раководител на смена во полициска станица при РЦ за ГР „Запад“, изреченa му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци (не го оправдал отсуството од работа);
Р.Л., командир на полициска станица при СВР Струмица и Л.М., полициски службеник во полициска станица при СВР Струмица, изречени им парични казни во износ од 10% од месечните плати во наредниот месец, односно два месеци поради несовесно работење;
Љ.М., полициски службеник во полициска станица при СВР Струмица, изречана му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните два месеци (непрописно паркирал службено возило, поради што истото било удрено од друго возило) и
Д.А., полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје и В.Т., полициски службеник во полициска станица при СВР Струмица, изречени им се парични казни во износ од 10% од месечните плати во наредните три, односно два месеци (биле под дејство на алкохол за време на работа).
Во еден случај од страна на Министерството е донесено решение со кое постапката покрената против вработената Л.М., референт-архивар при СВР Штип се запира, бидејќи е констатирано дека нема повреда на член од Колективниот договор.