Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

06.06.2009
Неделен билтен на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди

Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 11 решенија против 11 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 134 став 1 точка 1, 2, 4, 7, 8, 11,14, од Колективниот договор на МВР, a во два случаи на двајца вработени им се запрени постапките, бидејќи е констатирано дека нема повреда на член од Колективниот договор.

На четворица вработени им се изречени откази на договорите за вработување, заради сторени повреди согласно одребите по член 134 став 1 точка 1, 11 и 14 од Колективниот договор, а се работи за:

Р.З., полицаец во ПС ОН Прилеп, поради сторено кривично дело „убиство“ на колега.

А.А., инспектор во увидна екипа во СВР Куманово поради неправдано отсуство од работа три последователни дена.

Д.С., командир во ПС ОН Кичево и Б.Т., главен инспектор во ПС ОН Кичево, поради противправно прибавување лична корист во врска со вршење на работите.

На седум вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 2, 4, 7 и 8, а се работи за :

Г.С., водич на безбедносен реон во ПС ОН Куманово изреченa му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци, поради минување на наплатна рампа без да плати патарина;

С.П., командир на ПС ОН Виница, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните четири месеци, поради тоа што дозволил барање за поведување на прекршочна постапка да биде изготвено со голем број недостатоци;

Д.Н., самостоен инспектор во Единица за крим работи во СВР Скопје, му е изречена парична казна од 10% од неговата месечна плата наредните четири месеци, поради обраќање кон раководителот со висок тон;

З.Т., виш советник во Одделение за оружје експлозивни и опасни материи изречена му е парична казна од 15% наредните три месеци, поради конзумирање на алкохол за време на работа;

Б.Т., полицаец во ПС ОН Кавадарци казнет со паричен износ од 15% од неговата месечна плата три последователни месеци, поради конзумирање алкохол за време на работа;

Т.П., полицаец во ПС ОН Карпош казнет со парична казна 10% од месечната плата наредите три месеци, поради конзумирање алкохол за време на работа;

П.С., полицаец во ПС за ОДГ Гошинце-РЦ Север, казнет со 10% од неговата плата во трите наредни месеци, поради минување државна граница без согласност и за време на боледување;

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk