Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

31.05.2009
Неделен билтен на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди
Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се осум решенија против осумина вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 134 став 1 точка 7 и 8 од Колективниот договор на МВР.

На И.Х., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Север“ му е изречен отказ на договорот за вработување, заради сторени повреди согласно одредбите по член 134 став 1 точка 7 од Колективниот договор на МВР.

- На шестмина вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 7 и 8, а се работи за :

- Ш.К., В.М., двајцата полициски службеници во полициска станица при РЦ за ГР „Север“ и И.Л., полициски службеник во полициска станица при СВР Велес, изречени им се  парични казни во износ од 15% од месечните плати во наредните шест месеци (ја поминале наплатната рампа без да платат патарина, односно покажале службени легитимации);

- Т.Б., командир на полициска станица при СВР Струмица, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните два месеци (не почитувал наредба издадена од претпоставен старешина);

- Ф.Н., полициски службеник во полициска станица при СВР Струмица, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните три месеци (одбил да му биде извршена контрола во работењето од страна на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди) и

- Ј.Т., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Север“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци (извршил физички напад).

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk