Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

23.05.2009
Неделен билтен на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се пет решенија против петмина вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4, 7 и 8 од Колективниот договор на МВР.

- На четворица вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4, 7 и 8, а се работи за :

Д.Д., командир на полициско одделение при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци (отсуствувал од работа без да го извести претпоставениот);

Д.Ѓ., полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид и Н.Ш., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Север“, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечните плати во наредните шест месеци (ја поминале наплатната рампа со службена легитимација) и

Н.Т., полициски службеник во полициска станица при Одделот за посебни единици, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (бил под дејство на алкохол за време на работа).

Од страна на Министерството, за вработената К.С., полициски службеник во полициска станица при Одделот за посебни единици е донесено  решение со кое се запира дисциплинската постапка поведена против истата, бидејќи нема повреда на член од Колективниот договор на МВР.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk