Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

03.06.2009
Тетовската полиција апелира да не се употребува огнено оружје при прослави

Тетово, - Како последица од употреба на оружје или огномети на свадби и прослави минатите години во Тетовско се случија неколку несакани настани со повредени лица или со значителна материјална штета. Затоа, Секторот за внатрешни работи во Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје и од неовластено организирање огномети.

- Летниот период на поширокото полошко подрачје, покрај другото, го карактеризираат и големиот број свадбени и други семејни свечености. За жал, овие свечености и натаму ги следат чести нарушувања на јавниот ред и мир, причинети со веќе традиционалното пукање од огнено оружје или најново, со употреба на огномети и други пиротехнички средства, рече портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

СВР Тетово потсетува дека глобата за пукање изнесува од 200 до 500 евра. Зависно од вкупните околности, пукањето може да биде санкционирано и како кривично дело, за кое се предвидени високи казни во Кривичниот законик на Република Македонија.

- Што се однесува до огнометите, тие задолжително треба да се пријават во Секторот за внатрешни работи на подрачјето на кое се приредуваат, најдоцна 48 часа однапред, доколку станува збор за огномет од прва категорија, а за кој претходно треба да се поднесе барање и да се добие решение за изведување. За употреба на пиротехнички средства од втора категорија, изведувачите на огнометот треба да достават само писмено известување, еден ден пред почетокот на свеченоста, рече Јосифоски.

Тој додава дека изведувачите на огномети, треба да ги превземат неопходните превентивни мерки за заштита на животот и здравјето на луѓето, човековата околина и материјалните добра. 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk