Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

01.06.2009
Во Белград дневно во просек се крадат по седум возила

Б92: Во Белград дневно во просек се крадат по седум возила

Белград, 29 мај (МИА) - Во Белград секојднево во просек се крадат по седум автомопбили, објави српското радио Б92, додавајќи дека кражбите се дело на добро отрганизирани криминални групи во кои има „перфектна поделба на трудот“.

Според Б92, постапката на кражби на возила има неколку фази. Во првата фаза се избира возилото кое ќе биде украдено, а потоа во втората фаза започнува следење на автомобилот и неговиот сопственик.

Третата фаза се спроведува на денот на кражбата. Крадците ја блокираат улицата во која е паркирано возилото што треба да биде украдено, а кога ќе бидат сигурни дека нема никаква опасност, доаѓа „специјален тим“, кој го краде автомобилот, наведува радиото.

Потоа, украденото возило се носи во специјална гаража каде се менува неговиот надворешен изглед и вешто се прикриваат броевите на шасијата на моторот, по што тоа е подготвено за препродавање.

Оние кои го крадат возилото најчесто не знаат за кого работат. Тие само добиваат одредена сума пари за завршената работи и инструкции каде треба да го однесат украденото возило, наведува претставник на полицијата во изјава за Б92.

Радиото посочува дека во последно време се регистрини и случаи кога сопственици на возила сами инсценираат кражби на нивните автомобили, со цел да добијат отшета од осигурувањето.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk