Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

17.05.2009
Неделен билтен на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди
 - Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се шест решенија против шестмина вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 134 став 1 точка 1, 7 и 8 од Колективниот договор на МВР.

- На двајца вработени изречен им е отказ на договорот за вработување, заради сторени повреди согласно одредбите по член 134 став 1 точка 1 и 8 од Колективниот договор на МВР, а се работи за :

Б.М., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Север“, изречено му е отказно решение (примил поткуп од странски државјанин за што против истиот е поднесена и кривична пријава) и

З.П., полициски службеник во ЕНОО при Одделот за посебни единици, изречено му е отказно решение (неоправдано изостанал од работа три последователни дена).

- На четворица вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 7 и 8, а се работи за :

М.Ш., Ш.С. и И.Н., полициски службеници во полициска станица при РЦ за ГР „Север“ и А.Ф., раководител на смена во полициска станица при РЦ за ГР „Север“, изречена им се парични казни во износ од 15% од месечните плати во наредните шест месеци (ја поминале наплатната рампа со службена легитимација).

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk