Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

21.05.2009
Трибина во Куманово „Транспарентна и одговорна полиција"

Трибина во Куманово „Транспарентна и одговорна полиција"

Куманово, 21 мај (МИА) - „Транспарентна и одговорна полиција" беше темата на денешната тркалезна маса во Куманово на која дискутираа претставници од кумановскиот сектор за внатрешни работи, градоначалниците на општините од регионот, заменик народниот правобранител, како и претставници од невладиниот сектор.

- Потребна е добра координација помеѓу едниците на локалната самоупрва и полиција ако сакаме да имаме подобри резултати во подобрување на животот во општините. На ваков начин функиционираат во западно-европските земји, а сметам дека и ние сме на добар пат да ги постигнеме тие стандарди, рече началинот на СВР Куманово Љубомир Ѓурчевски.

Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски вели дека досега сорабоката помеѓу локалната самоупрва и полицијата била одлична, а се надева дека така и ќе продолжи.

На денешната средба беа презентирани и активностите кои се развиваат на ниво на полициските станици, како што се резултатите од одржаните локални совети за превенција, советодавни групи на граѓани, како и за натамошните проекти и очекувања.

Трибината, што се одржа во новоизградениот комплекс Пелинце, е во рамките на проектот „транспарентна полиција“, кој се резлизира со поддршка ОБСЕ, а со цел поодговорно и покоординирано работење на полицијата и доближување до граѓаните. Проектот има цел да помогне во развојот на полициските служби за јакнење на безбедноста во локалната заедница. ам/ва/14:46

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk