Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

18.05.2009
Работни досиеја за анализа - Analysis Work Files (AWF)

Потпишаниот ROADMAP –План за идни активности [1] за соработка со Европол предвидува можност Република Македонија, пред потпишување на Оперативен договор,  индиректно да учествува во работата на Работните досиеја за анализи како  уникатен инструмент на ЕВРОПОЛ преку кој  ЕВРОПОЛ обезбедува поддршка во тековните истраги.

Од страна на Европол до СМПС, Одделение за Европол беше доставен Работен документ, подготвен од страна на Европол, во кој се обработува целта и намената на Работните досиеја за анализа - Analysis Work Files (AWF).  Работно досие за анализа (AWF) е средство преку кое ЕВРОПОЛ обезбедува поддршка за истрагите покренати од страна на надлежните органи во земјите членки на ЕУ, со помош на разузнавачки анализи, експертски совети и помош. Во документот се содржани информации за:

законската основа за нивното постоење;

критериумите и постапката за отворање;

основните проектни документи кои се потребни за да може да биде отворен еден AWF;

кој  може да учествува во одреден AWF;

како се одвива протокот на податоци преку AWF;

начинот на обезбедување на податоците кои се внесуваат во AWF;

која е целта на анализата  и

кој е крајниот исход од AWF.

Во моментот активни се 18 AWF и секој од нив се однесува на посебен вид криминалитет .Во одреден AWF може да учествува секоја држава членка на ЕУ, како и држави кои имаат склучено Оперативен договор за соработка со Европол.

Имајќи го предвид статусот на договорни односи помеѓу Канцеларијата на Европската полиција – Европол и Република Македонија, а тоа е Стратешкиот договор за соработка, со кој се овозможува размена на стратешки и технички информации, во моментов не постои можност за директно учество во некој од наведените AWF.

Но, по однапред дефиниран интерес, согласно приоритети на Република Македонија во однос на борбата против организираниот криминал, возможно е да се доставуваат и разменуваат информации индиректно преку одредена држава членка, која понатаму располага и се грижи за безбедноста на доставените информации. Наша придобивка од наведеното е можноста да се добиваат информации, кои се од наш интерес и во обем кој се однесува за конкретен случај, преку определената држава членка, како поддршка во тековни истраги од областите на криминалитет опфатени со AWF. Воедно на овој начин ќе се афирмираат преземените активности на нашите институции во борбата против органзираниот криминал и ќе се согледа нашиот интeрес за оперативна соработка со Европол.

________________________________________________________________________________________________

1 Планот за идни акивности е потпишан од Министерот за внатрешни работи на РМ  и Директорот на Европол  на 28.10.2008 година

ШТО Е АWF

AWF FACTSHEET

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk