Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

28.04.2009
Неделен билтен на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди

- Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се шест решенија против шестмина вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 133 став 1 точка 7 и по член 134 став 1 точка 7 и 8 од Колективниот договор на МВР, на кои им е изречена парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно наведените одредби, а се работи за :

Б.Б., полициски службеник во полициска станица за безбедност на патниот сообраќај на автопат Тетово, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (испукал неколку куршуми од службениот пиштол, за што против истиот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“);

Н.О., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Север“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци (не извршил контрола на лице за кое имало наредба да се лиши од слобода, со што истото остварило излез од земјата);

И.С., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР “Север“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци (не го известил писмено претпоставениот старешина дека ќе користи боледување);

М.Н. и С.Н., полициски службеници во полициска станица при РЦ за ГР „Север“, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечните плати во наредните шест месеци (ја поминале наплатната рампа со службена легитимација) и

И.С., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Север“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните пет месеци (од опремата со која бил задолжен му недостасувал службениот пиштол).

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk