Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

27.04.2009
Реализирана студиска посета на Европол

Во периодот 20-23.04.2009 година, беше реализирана студиска посета на преставниците од Одделението за ЕВРОПОЛ. при СМПС на седиштето на ЕВРОПОЛ во Хаг, Кралство Холандија. Посетата се реализираше со финансиска поддршка на Инструментот TAIEX на Европската комисија. Спроведувањето на наведената активност беше предвидена со Програмите за обука на ЕВРОПОЛ за 2009 година.

Непосредно пред реализирањето на посетата, во консултација и координација со Тимот на експерти надлежни за Западен Балкан при ЕВРОПОЛ, беа дефинирани целите и програмата за посетата, како и активностите опфатени со неа, со цел прилагодување на утврдените потреби на Одделението за ЕВРОПОЛ. Првична цел на посетата беше остварување на директни контакти со надлежните раководители на повеќе организациони единици во Европол со цел информирање на истите за постиганите резултати на МВР на планот на стратешката соработка со Европол и договарање на идните можни области за реализирање на  конкретна оперативна соработка, како и добивање на информации за можностите за назначување на Офицер за врска во Европол и започнување на преговори за потпишување на Оперативен договор помеѓу Европол и Република  Македонија.

Во текот на посетата беа остарени средби со преставници од Оперативните оддели за сериозен криминал и тоа Единицата за борба против дрога - SC2,  Единицата за борба против  криминал против лица SC3,  Единицата за борба против  финансиски и имотен криминал - SC4,  Единицата за борба против фалсификување пари SC 6,  Аналитичката единица  - SC7 како и со преставници од два IMT Оддела -Одделот за управување со информации IMT 4 и Одделот за заштита на лични податоци и класифицираност IMT 7. Реализирана е и средба во Бирото за врска на Хрватска во Европол.

Во првиот ден од посетата беше остварена средба  со Помошник Директорот на опертивниот Оддел за сериозен криминал, со кого беше извршен преглед на посетата и беа дадени генерални насоки како истата ќе се одвива.

Претставниците од Одделението за Европол имаа чест да присуствуваат на воведното поздравно обраќање на новоназначениот Директор на Европол.

Оддел за управување со информации IMT 4

 При посетата на Одделот за управување со информации IMT 4, кој  е надлежен за размена на информации со трети земји, објаснет беше начинот на прием и проследувања на барањата. Исто така, добиени се информации за безбедните комуникациски врски кои се воспоставуваат помеѓу ЕВРОПОЛ и трета страна, со цел сигурна и заштитена размена на информации како и за информатичкиот систем на Европол и можностите за пребарувања кои ги нуди.

Од страна на преставниците од Европол потенцирано е дека постои можност од достава и на лични податоци до Европол од страна на трети земји со кои има склучено стратешки договор за соработка, но без достава на повратни инфромации до нив. Од страна на Одделението за Европол на МВР истите беа информирани дека е извршена консултација со надлежните авторитети од областа на заштита на лични подтаци од РМ за реализирање на наведената можност но добиен е одговор дека засега не постои правен основ за достава на лични податоци.

Оддел за заштита на лични податоци и класифицираност  при ЕВРОПОЛ  IMT 7

Во текот на средбата со раководителот на овој оддел беа презентирани информации за начинот на кој се одвива заштитата на личните и класифицирани податоци, кои стандарди треба да ги исполнуваат земјите членки на ЕВРОПОЛ, како и сите трети страни . При тоа добиени се информации за следните чекори од постапката за започнување на преговори за потпишување на оперативен договор со Европол. Според добиените информации Извештајот за Република Македонија ќе биде стевен на дневен ред на состанокот на Управниот одбор во мај 2009 година, а во случај  на  позитивен одговор следи долга постапка на одобрување во телата на ЕУ.

Канцеларија за врски на Хрватска - Офицер за врска  

При посетата на Канцеларијата за врски на Хрватска при ЕВРОПОЛ беа споделени искуствата на Република Хрватска при процесот на воспоставувањето на Канцеларијата, во смисла на тоа кои предности ги овозможува постоењето на Канцеларијата, како и поставувањето на Офицер за врски.  Во тој контекст беше споменато дека по отворањето на Канцеларијата за врски обемот на работа се зголемил, така што каналот за соработка на ЕВРОПОЛ добил приоритет во Хрватска. Од исклучителна важност е можноста за размена на информации со Офицерите за врски и Бироата за врски на сите 27 земји членки на ЕУ  како и голем број држави и меѓународни организации кои имаат преставници во Европол.

Напоменуваме дека при неколку средби беше потенцирана можноста од назначување на Офицер за врска во Европол и од Република Македонија, што е предвидено и со стратешкиот договор за соработка, за што е потребна претходна обука и обезбедување на просторни услови за работа во седиштето на Европол. Неопходно е да се потенцира дека Европол не е само организација која врши аналитички услуги и аналитичка подршка, туку дека постои директна размена на оперативни информации на билатерална основа преку Офицерите за врска како дел од Канцелариите за врска.

Единица за борба против дрога при Одделот за сериозен криминал - SC 2.

На средбата беа презентирани информации за продуктите кои ги создава ЕВРОПОЛ, како што се Каталозите со логоа за екстази и Лого системот за екстази на ЕВРОПОЛ, Каталозите со логоа за кокаин и Лого системот за кокаин на ЕВРОПОЛ; Каталог со опрема за производство на синтетички дроги. Наведените продукти беа дадени во електронска и печатена форма, и  истите ќе бидат проследени до надлежните служби. Посетена е импровизирана лабораторија за производство на синтетички дроги, каде што беа презентирани информации за начинот на производство.

Единицата за борба против илегална миграција при Одделот за сериозен криминал - SC 3.

Соодветно на степенот на договорни односи со ЕВРОПОЛ, од нивна страна беа посочени стратешките продукти кои се  подготвуваат, а тука пред се стана збор за Проценките за закана од трговија со луѓе и илегална миграција, понатаму Билтените со разузнавачки информации за борба против трговија со луѓе и сексуална злоупотреба на деца.

Единицата за борба против фалсификување пари при Одделот за сериозен криминал - SC 6.

Во текот на средбата беа презентирани информации за тоа во кој дел и на кој начин ЕВРОПОЛ се справува со овој вид на криминалитет. Битно е дека  ЕВРОПОЛ може да понуди експетска помош во оваа област  во конкретни случаи и на Република Макеоднија, како и експертска помош преку ангажирање на мобилни канцеларии, кои нудат помош за тековни истраги на лице место, по претходно барање.

Во делот на финансискиот криминал беа остварени контакти и со лицето задолжено за сорработка со CARIN (Camden Asset Recovery Inter - Agency Network),  Меѓуинституционална мрежа за соработка, чија цел зголемување на ефективноста во борбата против спречување на криминалитетот за стекнување имот на нелегален начин. Во овој дел беше понудена можност Република Македонија да стане член на оваа неформална мрежа, во која членуваат 50 држави и меѓународни организации, преку поставени национални контакт точки. За можностите, целите и предностите на оваа мрежа беше поделен Прирачник, кој ќе биде доставен до надлежните органи, како и формулар за пријавување со кој Република Македонија ќе може да учествува во активностите на CARIN.

Единица за анализи при  Оддел  за организиран криминал -SC7

Добиени се информации за  работата на  Работното досие за анализи за етнички албански организирани криминални групи - AWF COPPER. Од страна на аналитичар во наведениот AWF беше практично објаснето начинот на функционирање на еден AWF, базите на податоци, системите за пребарување, постапката за отворање, можноста за соработка со трети земји .

Остварен е контакт и со преставникот на Европол надлежен за изработка на ОСТА, со кого е договорена можноста од достава на сите видови на стратешки продукти на Европол за проценки на ризик, стратешки извештаи, правилници за најдобри практики, во различни области, меѓутоа само по добиено барање.

По барање на Началникот на Одделението за Европол упатено до сите преставници на Европол во текот на средбите  ќе се разгледа  можноста  претставници од надлежните служби на Република Македонија да  учествуваат на обуките кои ги организира ЕВРОПОЛ во сите области и сите единици за сериозен криминал. Воедно ќе се разгледа можноста за аплицирање во  инструментот за техничка помош на ЕУ за финансика поддршка и организирање на обуки во Република Македонија, по добиено одобрение од  стратешките тела од МВР ако за тоа постои заинтерсираност д опертивните оддели во МВР .

На крајот на посетата беше организиран т.н. Саем на производи и услуги на ЕВРОПОЛ, на кој беше понуден преглед на производи и услуги, кои ги нуди ЕВРОПОЛ.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk