Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 11 решенија против 11 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 133 став 1 точка 7 и по член 134 став 1 точка 4, 7 и 8 од Колективниот договор на МВР.
- На единаесет вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 133 став 1 точка 7 и по член 134 став 1 точка 4, 7 и 8, а се работи за :
А.К. и Б.А., техничари во хеликоптерска единица, Г.Ќ., полициски службеник при СВР Тетово и Г.Ј., полициски службеник при Одделот за посебни единици, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (ја поминале наплатната рампа со службена легитимација);
В.Н., полициски службеник при СВР Штип и Д.А., полициски службеник при Одделот за посебни единици, изречени им се парични казни во износ од 10 односно 15% од месечните плати во наредните три, односно шест месеци (го напуштиле работното месо и биле под дејство на алкохол);
И.З., инспектор во одделение при РЦ за ГР „Север“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (го оставил службениот пиштол во сопственото возило при што истиот е одземен од страна на непознато лице);
К.Б. и К.С., полициски службеници во полициска станица при РЦ за ГР „Запад“, изречени им се парични казни од 15% од месечните плати во наредните шест, односно четири месеци (дозволиле на две лица што имаат судска забрана да остварат излез од Р Македонија);
З.А., помлад инспектор во полициска станица при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните четири месеци (од лице одзел предмети без за истото да му издаде потврда за привремено одземени предмети) и
В.Ј., полициски службеник во полициска станица при СВР Струмица, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните два месеци (не завел настан во книгата за дневни настани).