Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 


13.03.2009

Намалување за 16 проценти на полициската тортура врз граѓаните, бележи проектот на невладини организации. Најмногу граѓаните се жалеле на прекумерна употреба на сила и нанесување на телесни повреди.

Според истражувањето на невладиниот сектор на тортура од страна на полицијата најмногу се жалеле граѓаните од југозападна Македонија.

Според невладиниот сектор загрижувачка е тенденцијата на спектакуларни апсења, со кои се повредува правото на приватност и пресумпција на невиност.
Граѓаните најмногу се жалеле на униформираните полициски службеници, на инспекторите, а најмалку на неуниформираните припадници на полицијата. Намалување на бројот на поплаки бележат за командирите на полициските станици, сообраќајната полиција и за мобилната единица Алфи.

- Во 76% од одговорите кои ги доставил Секторот за внатрешна контрола е констатирано дека претставките се неосновани и оти недостасува правна поука, како и можност за второстепено постапување по поднесената претставка.
Минатата година се зголемила и соработката на граѓанскиот сектор со Народниот правобранител. Според извештајот, во Македонија и покрај намалениот процент на пријави од граѓаните, сепак е оценето дека постои недоверба кон државните институции.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk