Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

30.03.2009
Соработка меѓу македонскaта и австриската полиција

Во рамки на воспоставената соработка помеѓу МВР на Република Македонија и МВР на Австрија, во периодот од  30.03.09 до 01.04.2009 година во просториите на МВР се одржа Модул, Обука за Европол, на која  презентери за различни теми од областа на соработката со ЕВРОПОЛ беа Криста Бауер од Австрија и Бо Андерсен од Данска, експерти од Секторот за сериозен криминал на Европол.

Учесници на оваа тридневна обука беа преставници од Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Управа за финансиска полиција и Царинска Управа, Дирекција за заштита на лични податоци, а поканети беа и преставници од Јавно Обвинителство.

Од Министерството за внатрешни работи на обуката зедоа учество преставници од Секторот за меѓународна полицикса соработка (Одделение за Европол, Одделение за дежурна служба и администрација, Одделение за техничка подршка, СЕКИ Офицер за врска) како и од Управата за безбедност и контраразузнување,  Сектор за соработка со НАТО и класифицирани информации, Одделот за организиран криминал,  (Сектор за криминалистичка анализа и Сектор за криминалистичко разузнување).

Согласно предложената програма за реализација на обуката, во тек на три работни денови со активно учество на преставниците од наведените институции беа разработени неколку тематски целини и тоа:

Генерални информации за Европол (структура, организација, активности и начин на делување, канали на меѓународна соработка)

Правна рамка на делување -Конвенција за Европол и новата Одлука на Совет на министри на ЕУ за земјите членки на ЕУ  како и правна основа за соработка со трети земји - стратешки и оперативни договори за соработка и нивна имплементација

Мандат на Европол , надлежности по области на делување

Начин на размена на информации со земјите членки на Европол (Комуникациски информативен систем на Европол- IS,  Оперативни бази на податоци - INFO EX , Аналитички работни досиеја - AWF  и Индекс систем  -IxS).

Кодови за евалуација -систем 4 х 4 и кодови за  ракување со информации

Структура и надлежности на Секторот за сериозен криминал на Европол и задачи и проекти односно Аналитички работни досиеја - AWF  кои ги води секој од нив

Постапка за учество на земјите во Аналитички работни досиеја - AWF  

Идеален модел на Одделение за Европол

Иделен модел на Биро за врски на Европол.

Земјите членки на Европската Унија, имајќи ја предвид заедничката цел за унапредување на полициската соработка во областа на тероризмот, нелегална трговија со дрога и други тешки облици на меѓународен криминал (мандат на Европол) преку постојана, доверлива и интензивна размена на информации преку Европол и националните едници на земјите членки,  убедени дека во областа на полициска соработка, посебно внимание треба да се обрне на заштитата на правата на поединците, и особено заштитата на лични податоци, станале потписнички на Конвенцијата на Европол, како правна основа на делување на сите земји членки на ЕУ потписнички на оваа конвенција. 

Европол ги има следните основни задачи: да ја потпомогне, олесни размената на информации меѓу земјите членки, да набави, средува и анализира информации и разузнувачки податоци; да ги известува компетентните надлежности во земјите членки, без задоцнување, преку националните единици  за информациите кои се однесуваат на нив и за било какви врски, односи идентификувани помеѓу криминалните прекршоци; да ги потпомогне истрагите на земјите членки со проследување на секакви релевантни информации до националните единици; да го одржува компјутеризираниот систем на собрани информации.

Со цел да се подобри соработката,  Европол ги има следните дополнителни задачи: да ја развие стручноста на истражните процедури на компетентните надлежности во земјите членки и да обезбеди совет во врска со истрагите; да обезбеди стратешки разузнувачки податоци, да ја асистира и унапреди ефикасноста и ефикасното користење на ресурсите кои се на располагање на национално ниво за оперативни активности, да подготви проценки, анализи и извештаи за општата состојба.

Покрај соработката со 27 земји членки на ЕУ, Европол соработува и со други надворешни  партнери (земји или институции)[1] со кои склучува стратешки или оперативни договори за соработка. Преку стратешките договори овозможена е размена на стратешки или технички информации, додека со оперативните договори овозможена е размена и на лични податоци во врска со лица инволвирани во криминални активности во рамки на мандатот на Европол.

Мандатот на Европол, одреден со член 2 од Конвенцијата, се криминалните активности во врска со организирани криминални групи, тероризам, дрога, илегална миграција и трговија со луѓе, финансикси криминал и фалсифкување на евро валутата.

Секоја земја членка, покрај  Националното Биро за врски во седиштето на Европол, во чиј состав се назначени Офицери за врски, има назначено и Национално одделение за Европол во својата земја. Националното одделение е единствена врска меѓу Европол и компетентните национални надлежности.

Европол поседува компјутеризиран систем на собрани податоци кој се состои од следните компоненти: 1. еден информативен систем со ограничена и прецизно дефинирана содржина, кои дозволува брз пристап до информациите кои им стојат на располагање на земјите членки и Европол, 2. работни досија, кои се утврдени за разни временски периоди и за различни цели на анализа, кои  содржат сеопфатни информации и 3. еден систем на индекси-показатели кој содржи одредени лични податоци од аналитичките досија.  Компјутеризираниот систем на собрани информации со кои работи Европол, никако не смее, под било кои околности, да биде поврзан со други системи на автоматска обработка на податоци во националните единици. Само националните единици, офицерите за врски и Директорот, заменици на директори или навремено овластени службеници имаат право да внесуваат податоци директно во информативниот систем и од него да користат податоци. Само единицата која ги внела податоците може да ги модифицира, корегира или избрише таквите податоци.

Покрај наведнеите тематски целини во тек на работниот дел од семинарот беа презентирани состојбите во однос на соработката на Република Македонија со Европол и преземените активности за имплементација на стратешкиот договор и создавање на услови за потпишување на Оперативен договор со Европол.

 

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk